19 Декември, 2025
0.1320

Вип се приклучува кон „Часот на планетата Земја“

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2014 11:59

Добивај вести на Viber

Втора година по ред, Вип се вклучува во глобалната акција „Часот на планетата Земја“ која годинава ќе се одбележи утре, 29-ти март 2014-та, од 20.30 до 21.30 часот. Во овој час, во знак на поддршка на оваа акција за заштита на животната средина и климатските промени, Вип ќе ги исклучи светлата во сите работни простори, како и сите светлечки реклами на продажните места ширум земјата и во седиштето на компанијата во Скопје.  Кон оваа акција исто така ќе се приклучат и вработените на Вип и нивните семејства кои во рамките на тој час ќе го дадат својот придонес за планетата Земја, а во рамки на глобалната акцијата, покрај Вип активно учество ќе земат и сите останати компании на Телеком Австрија Групацијата. Во исто време, Вип ги повикува сите свои корисници да се приклучат кон оваа иницијатива и со симболичен гест и придонес да го поддржат “Часот на планетата Земја”. Операторот Вип поддржува бројни проекти од општествен интерес во областа на заштита на животната средина, кампањи за корисниците со цел намалување на хартија за печатење на сметки и преминување на онлајн билинг, оптимизација на потрошувачка на електрична енергија и сл., а неизоставен дел се и проектите за поддршка на здравството, култрата и спортот. Часот на планетата Земја претставува најголемa светска волонтерска акција со еколошки карактер, која под мотото “Твојата моќ: Зголемена, засилена, глобализирана”, има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата. Оваа година, акцијата се одржува на 29 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време светилките ќе ги исклучат голем број на индивидуалци, бизниси, организации и влади во над 8.000 градови низ 154 држави ширум светот, меѓу кои е и Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција