06 Мај, 2024
0.0244

Vip успешна приказна: Секоја кифличка и колаче се направени рачно во Кумановска градска пекара

Објавено во: Економија, VIP успешни приказни 15 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Пријатен пекарски мирис кој ви ги буди сетилата е првиот впечаток кога влегувате во Кумановска градска пекара. Постои повеќе од пет години, а за само толку стана синоним за вкус и квалитет. Во денешно време ретко кој има можност, ама и вештина да подготви пита со сукани домашни кори или да направи домашни кифлички без посебен повод. Овде тие и многу други пецива, колачи се прават и со повод ама и со многу љубов. Кумановци знаат за Кумановска градска пекара и нивните производи често се и на нивните домашни трпези. Приказната почнала како идеја на сопственичката Лидија Алексиќ. Денеска од вредните раце на вработените излегуваат разни пецива во кои се ставаат само природни хранливи состојки. Модерни се ама го носат и традиционалниот вкус. Инспиративната приказна ни ја раскажа менаџерката Драгана Цветковска.


„Се разликуваме од сите други пекари по тоа што креираме асортиман производи, секое пециво и секој колач го правиме рачно од најквалитетни свежи состојки, без адитиви и готови смеси во прашок. Користиме исклучиво млечни производи, интегрални целозрнести брашна, разни семиња и јатки, природни засладувачи како мед и малтекс, суровини со врвен квалитет. Имаме тим за развој и креирање на производи кој постојано работи на создавање на нови уникатни пекарски и слаткарски вкусни задоволства. Имаме широк асортиман на производи со кој ги задоволуваме и оние со најистенчен вкус. Постарите генерации во нашите производи можат да препознаат заборавени вкусови од нивно време. Во исто време реагираме и на барањата на младите генерации кои сакаат експерименти и нови уникатни вкусови. Сите наши производи се уникатни и направени по наши сопствени рецепти“, вели Цветковска.

Во растот ги водела визијата за успех, ама и тоа што сите дале доста љубов во ангажманот. Предизвик било да се оправда довербата на потрошувачите кои секојдневно станувале побројни. Кумановска градска пекара сега е модерна фирма. Начинот на производство ина прв поглед навистина се разликува од многуте други во земјава.


„Поставивме јасна стратегија за остварување на зацртаната визија и мисија. Да понудиме уникатни и ексклузивни пекарски и слаткарски производи приготвени со најдобрите состојки, испорачувајќи притоа врвен квалитет и искуство што нашите купувачи го заслужуваат. Задоволните купувачи и нивни забелешки не охрабрија да продолжиме, а во исто време беше предизвик да се оправда стекната доверба. Не е тешко од причина што ова го работиме со огромна љубов и посветеност. Кога работата ви претставува задоволство ништо не е тешко“, додава Цветковска.

Кумановска градска пекара е подружница на компанијата „АГРО ПРО ДОО“ - фабрика за свежи кори и домашни тестенини со приближно 60 вработени. Приказната со пекарницата почнала воо 2013 година, кога била отворена една на една локација во Куманово. Ова година бизнисот се проширил и со уште една пекарница која е целосно модернизирана и опремена со најсовремена технологија во пекарската индустрија. 


Велат дека нивна цел е во иднина да бидат бренд кој ќе е препознатлив во испорачување на врвни пекарски и слаткарски производи до купувачите, а квалитетот им е на прво место. За таа цел, постојано планираат нешто ново, посетуваат саеми за пекарски производи каде ги следат сите трендови и учат за нови технологии и начини на работа.

Нивниот тим функционира беспрекорно. Блиски се и во секојдневна комуникација ги разрешуваат сите дилеми, ги договараат заедно предизвиците.

„Модерните технологии особено интернетот и мобилната телефонија нисе од голема важност бидејќи ни обезбедуваат постојана комуникација со нашите добавувачи и со клиентите кои сакаат брза и ефикасна услуга. Дополнително, за да бидеме во тек со сите новитети во оваа област посветено ги следиме трендовите не само локално туку и на светско ниво, а за тоа секако ни е потребна стабилна конекција и секако корисничка услуга на врвно ниво, што ние ги добиваме од Вип како наш телекомуникациски провајдер. Користиме за нас посебно креиран пакет на мобилна телефонија и интернет. Приближно 60 вработени во компанијата користат службени телефони и бенефитите што ги носи специјално креираната понуда за нас Понудата е прилагодена на нашите комуникациски потреби, минути за зборување, интернет и роаминг, што секако комуникацијата ни ја прави многу поедноставна и влијае позитивно на буџетот што го издвојуваме за оваа намена“, објаснува Цветковска.


Во ова динамично време Кумановска градска пекара навистина го пронашле рецептот за успех. Вистинскиот рецепт за нивните производи , ама и за добар бизнис раст.


Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како се почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како се почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК