Виртуелната реалност - пазар вреден 1 трилион долари
Објавено во: Финансии 15 Октомври, 2016 12:06
Вредноста на пазарот на технологија за виртуелната реалност може да достигне 1 трилион долари до 2035 година, покажува новиот извештај на аналитичкиот оддел на инвестициската банка Citi, цитиран од CNBC.
Извештајот на Citi доаѓа во истата недела во која Sony ги претстави очилата за виртуелната реалност PlayStation VR, насочен кон сопственици на конзолата за видео игри на компанијата. Во 2016 година на пазарот беа пуштени и други очила за виртуелна реалност од висока класа, меѓу кои Oculus Rift и HTC Vive. Технологијата за проширена реалност, како онаа на Microsoft HoloLens, исто така, не заостанува.
- Виртуелната реалност навлезе категорично како инвестициска тема и расте како индустрија. Веруваме дека ќе се користи во различни апликации и во голем број на индустрии, коментира Кетлин Бојл, уредник на Citi GPS.
Технологијата за создавање на виртуелна реалност во практиката веќе влијае во неколку насоки, откако многу компании ги испитуваат можните нејзинипримени. Надвор од бизнисот со забава, виртуелната реалност се користи и во туристичкиот сектор, за образовни цели и во здравството.
Во август, DeLoitte објави студија според која 88% од компаниите со годишен приход меѓу 100 милиони долари и 1 милијарда долари веќе користат некоја форма на виртуелна или проширена реалност како дел од својот бизнис.
Citi предвидува дека продажбата на хардвер, поконкретно на очила, ќе бидат главен двигател за растот на секторот. Компанијата очекува пазарот на виртуелна и проширена реалност да достигне вредност од 692 милијарди долари до 2025 година, надминувајќи 1 трилион долари во следната деценија.
- Со оглед на тоа дека глобалниот пазар на електронската и мобилната трговија во моментот е во вредност од околу 1 трилион долари и се очекува да се зголеми до 4 трилиони до 2030 година, дури и виртуелната и додадената реалност да заземаат само еден мал дел од пазарот, тоа ќе биде значаен двигател за растот на пазарот на виртуелната реалност како целина, објаснува Бојл.
- Ако ја прошириме прогнозата до 2035 година, веруваме дека пазарот на проширена реалност може да грабне околу 25% од пазарот на мобилна трговија, што би се изедначило со 1,3 трилиони долари.
Содржината ќе биде клучен фактор за успехот на виртуелната реалност, за да може таа да ги привлече корисниците. Освен игрите, Citi очекува да биде создадена таква содржина, што ќе им овозможува на корисниците да посетуваат концерти, зоолошки градини, забавни паркови и да гледаат филмови.
Во однос на продажбата, до 2020 година се очекува да бидат продадени 21 милиони очила за виртуелна реалност, прогнозира аналитичарската фирма CCS Insight.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





