ВИРУСОТ ИМ СЕ ВРАТИ: Внесен е преку смрзната храна?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Август, 2020
По повеќе од 100 дена повторно има случаи на коронавирус во Нов Зеланд.
Во Нов Зеланд властите истражуваат дали првите случи со Ковид-19 кои се појавија по 102 дена без локална трансмисија, се резултат на вирус пристигнат на увезени пакувања замрзната храна, јави Ројтерс.
Откако беа откриени четворица заразени членови на едно семејство во Оукленд, премиерката Џасинда Ардерн повторно воведе строги ограничувања на движењето во најголемиот град во Нов Зеланд.
Таа ги ограничи патувањата во целата земја.
Познато е дека двајца членови од заразеното семејство посетиле туристички места јужно од Оукленд, оддалечени три часа возење, при што имале симптоми, а третиот заминал да работи во финансиска компанија во Оукленд, исто со симптоми.
Повеќе од 200 луѓе се идентификувани како блиски или случајни контакти со семејството и здравствените службеници се подготвуваат за тестирање десетици илјади луѓе во наредните денови.
Испитувањата откриле можност за потенцијален увоз на вирусот на замрзната храна.
Блумфилд вели дека во тек е тестирање на површината во разладен погон во Оукленд каде работел еден член од семејството.
Во земјата вирусот е дијагностициран кај 1.579 луѓе, а 22 починаа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.