Вирусот не се умори од нас, порачаа од СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Ноември, 2020
Можеби сме уморни од Ковид-19, но вирусот не се умори од нас, вели шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејсус.
„Можеби сме уморни од Ковид-19, но вирусот не се умори од нас. Европските земји се борат, но вирусот не се промени значително, ниту пак мерките за негово спречување“, вели Адханом Гебрејсус.
Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, 52 милиони и 200 илјади луѓе во светот биле заразени со коронавирус, а бројот на смртни случаи достигна скоро еден милион и 290 илјади.
САД, Индија, Бразил, Франција, Русија, Шпанија, Аргентина се со најголем број на заразени.Зад нив се Велика Британија, Колумбија, Италија, Мексико, Перу, Јужна Африка, Германија, Иран, Полска, Чиле, Белгија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.