05 Декември, 2025
0.0348

Висар Адеми: Зависноста од задолжување станува мантра на оваа владејачка гарнитура

Објавено во: Финансии 01 Август, 2014 08:34

Добивај вести на Viber

Корекција на државната каса, сугерирања од меѓународни финасиски институции за намалување на буџетскиот дефицит, но наместо тоа Владата најави ребаланс на буџетот и продлабочување на минусот на тековната сметка од 3,5% на 3,9%. Ова за економските аналитичари не е изненадување. Висар Адеми во разговорот за Фактор вели дека заодлжувањата стануваат мантра на оваа владејачка гарнитура. Сметам дека задолжувања ќе има се додека јавниот долг не стаса до 60% оф БДП, вели Адеми. Дисбаланс на приходите и расходите Мислам дека во Македонија станува редовна пракса да се има ребаланс на буџетот, вели Адеми. „Тоа се прави заради две главни причини. Прво, приходите по основ на даноци и други давачки кои ги собира држават не може да се земат по зацртаната динамика особено гледајќи ги показателите за првото полугодие од годинава. Од друга страна, ребалансот е и за да се намалат расходите, бидејќи приходи не се по предвидената динамика. Сепак, во година кога Владата најавува инвестициски бум од капитални инвестици, мислам дека дисбаланост на приходите и расходите ќе биде уште поголем на сметка на расходите“, вели економскиот аналитичар Висар Адеми. . Фактор: Наместо намалување на буџетскиот дефицит како што сугерира ММФ, со корекцијата на државата каса владата го продлабочува од 3,5% на 3,9%. Зошто? Адеми: Тоа е така, затоа што сите мерки кои ги превзема Владата и странските инвестици не го даваат посакуваниот ефект. Мислам дека сите тие препораки да се намали буџетскиот дефицит се нормални. Но, во ситуација кога приходите стануваат се помали и помали сите регулитави кои ги превзема Владата и ги внесува како новитети годинава (плаќање на придонеси и за хонорарците и сл) се чини не се доволни. Мислам дека приходите сепак нема да бидат на планираното ниво. Расходите се секогаш големи бидејќи ние се однесуваме како едно сиромашно семејство кое има многу желба за луксуз, а сите капитални инвестици го покажуваат тоа. Ние стануваме многу зависни од странско задолжување (еврообврзница или други инструменти) и очекувам дека тој тренд и зависноста од странски пари ќе потрае уште многу години. Државата ќе се задолжува се додека не достигне 60% од БДП „Мислам дека зависноста од странски долг станува мантра на оваа владејачка гарнитура, но сметам дека повеќе се земаат пари за да се држи оваа популистичка социјална политика и социјалниот мир се држи под контрола. Предвидувам дека ќе останеме зависни од странски пари по било кој основа. Сметам дека владата ќе се задолжува се додека не се усвои она што сака да го постигне, а тоа е јавниот долг да изнесува 60% од БДП. На тој начин, секоја нова владејачка гарнитура нема да може да ги добие на тој „нивни терен“ односно зголемување на јавниот долг за некои идни попоулистички мерки за да останат на власт. Оваа влада тоа најдобро го знае, затоа што сите овие години јавниот долг постојано расте. Ние немаме некој голем ефект од овој јавен долг освен тие некапитални инвестиции, се друго е за држење на социјалниот мир под контрола. Не може да се каже дека во Македонија е променет економскиот модел на земјата, затоа што немаме развој на локални компании или пак на извозната гранака преку креирање на нови работни места ниту пак толку многу странски инвестиции  кои се интегрирани со домашната економија за да кажеме дека да овој голем дефицит ќе биде финасиран од собирање на даноци. Така што јас предвидувам дека ќе бидеме сеуште зависни од висок јавен долг и мислам дека оваа економија или овие мерки ќе бидат финансирани од странски пари, нормално  се додека идните генерации не кажат стоп и кредитие полека да се враќаат“, вели Адеми. ММФ: Долгот на Македонија стаса до 3,5 милијарди евра Јавниот долг на Македонија изнесува 44,8% од БДП, покажува извештајот на ММФ или три милијарди и 584 милиони евра, Според ММФ, само долгот на централната влада е 36,4% од БДП, но со половината милијарда евра од еврообврзницата, овој долг ќе се искачи на 42,6% или во апсолутна бројка 3 милијарди и 412 милиони евра. Р.ф

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката