21 Јануари, 2025
0.0351

Вистински момент да заработите тргувајќи со акциите на Boeing на светската берза!

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Моменталниот пад на цената на акциите на овaа компанија, продолжи првенствено поради ситуацијата во Украина, но и поради конструктивните проблеми кај некои модели на авиони. „Овој пад е од привремен карактер и и би можел  да претставува одлична можност за инвеститорите. На подолг рок, до 2032 година  проектираната потрошувачка само за комерцијалните авиони би требало да достигне  35,000 или претставено во пари тоа е околу 4.8 трилиони долари,  при што Boeing како еден од предводниците во оваа индустрија во секој случај сигнализира успешна иднина“, објаснува м-р Никола Димков, сениор експерт во FXLider. FXLider, на сите читатели на Фактор им подарува 50 долари реални пари како почетен капитал за тргување со акциите на Boeing на светската берза – единствената берза на која можете да заработите на цената на акциите, и кога цените растат но и кога цените опаѓаат! Земете 50 долари за тргување овде Ескалацијата на тензиите во Украина може негативно да се одрази врз работењето на многу американски мултинационални компании во Русија помеѓу кои е и Boeing. Boeing е еден од најголемите светски произведувачи во воздухопловството и неговите акции котираат на листата на Dow Jones Industrial Average индексот. Оваа импресивна компанија е една од водечките компании кога се во прашање иновацијата и дизајнот на комерцијални и воени авиони со моментална пазарна капитализација од 91.86 милијарди долари. Ситуацијата со Boeing илустрира колку радикално се променија корпоративните односи помеѓу САД и Русија од Втората светска војна до сега.  Boeing, најголемиот светски произведувач на авиони за комерцијални летови и еден од најголемите американски сервисери за воени авиони вложи околу 7 милијарди долари во бизнисот во Русија при што таму започна со работа во 1991 година.  Според плановите на компанијата до  2021 година овој износ би требало да се зголеми на 27 милијарди долари, вклучувајќи и 18 милијарди долари за купување на титаниум. Околу една третина од вкупната потребна количина  на титаниум за авиони, Boeing купува од Русија, наведува Димков. Boeing исто така поседува и центар за дизајн во Москва кој има вработено околу 1,200 инженери кои работат на некои од најважните проекти вклучувајќи го  и модел 787 Dreamliner и 777X чие производство би требало да започне за околу 3 години.  Покрај тоа, руските лизинг и авиокомпании имаат нарачано околу 100 Boeing авиони чија вредност се мери во милијарди долари. Како што руската окупација на Крим продолжува, а западните земји почнуваат да ги заоструваат санкциите кон Русија во Конгресот се појави загриженост за тоа како овие санкции би можеле да влијаат на  Pentagonov, 70 милијарди долари вредната програма за лансирање на сателити кои ја вклучуваат Русија и компаниите  Boeing  и Lockheed Martin.  Според моменталниот аранжман, САД треба да платат значителна сума на  Roscosmos, рускиот еквивалент на  NASA и за превозот на астронаути до вселенските станици во 2016 година, како и за употреба на моторите за лансирање на воените и шпионските сателити. Потенцијално, ова би можело да биде многу незгодно за САД бидејќи со закон е забрането самата држава или компанија поврзана со Владата во својата програма да користи производи произведени во оние земји кои би можеле да станат американски непријатели. Поради несигурноста околу овој проект покрај новите санкции,  ова прашање е поставено и во Сенатот. Сепак, мала е веројатноста дека тензиите помеѓу Русија и Америка ќе влијаат на Меѓународната вселенска станица, особено ако се земе предвид во колкава мера овие две земји се потпираат една на друга за да ја одржат работата и изведбата на целата операција. Односите помеѓу  NASA и Roscosmos останаа добри и покрај успесите и падовите во односите на овие две земји.

Можеби ќе ве интересира

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије