Виталиа going green: Нова инвестиција во фотоволтаици и геотермална климатизација
Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2022 16:04
Македонската компанија за здрава храна Виталиа официјално започна да користи обновливи извори на енергија во процесот на работата и производството. Од Септември 2022, поставен е фотоволтаичен систем за генерирање на електрична енергија, при што 35% од електричната енергија која се користи за производствените процеси, како и за останатите објекти во компанијата ќе биде обезбедена од сопствените фотонапонски панели, односно фотоволтаици.
Дополнително, на ниво на цела компанија е имплементиран нов систем на ладење и греење со геотермални пумпи, а е спроведена и комплетна изолација на сите објекти. Со ова е обезбедена заштеда од над 80% електрична енергија, која претходно се добивала од конвенционални извори.
Ова е само почеток на „зелената иницијатива“ на Виталиа, и значаен чекор кон целта – позелена, поздрава животна средина, и подобра иднина за сите.
Виталиа е компанија која ја вреднува иновацијата, а тоа го докажува преку користењето на нови, еколошки технологии со цел да го направи своето работење поодржливо и поеколошко.
„Обновливите извори и зелената енергија не се само показател за нивото на еколошката свест на компаниите, туку и неопходен глобален тренд кој ја претставува иднината на производствените индустрии. Поведена од ова знаење, Виталиа реши да инвестира во одржлива енергија и поеколошки одговорно производство. Имплементирањето на овие современи технологии е инвестиција чија вистинска вредност ќе биде почувствувана во следните 20-30 години“, велат од Виталиа.
Во период кога се поставуваат многу прашања за енергетските извори, снабдување со енергија и одржливо производство, Виталиа презема конкретен чекор кон давање на одговор на овие прашања. На краток рок, оваа инвестиција претставува свесно пренасочување кон поодржлив, еколошки извор на енергија, но нејзината вистинска вредност е во долготрајната корист од инвестицијата, која ќе овозможи заштедување на средства и енергија, а зад себе ќе остави почиста и поздрава околина.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




