22 Мај, 2024
0.0269

Витамин А – Што се не знаете за овој еликсир на младоста?

Објавено во: Стил 08 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Витамин А е силен имуностимулатор, кој го добил името еликсир на младоста поради волшебното дејство врз кожата и се нарекува уште витамин на раст.

Што уште не знаете за витамин А?

Витамин А е мастнорастворач, познат во две форми - ретинол и каротин (провитамин А). Тој не се произведува во организмот, поради што треба да се надополнува преку храната. Но не треба да се земаат големи количини на витамин А поради опасноста од настанување на хипервитаминоза. Организмот успева да задржува доволно големи количини на витамини, најголеми кои се задржуваат се наоѓаат во црниот дроб. Прекумереното внесување на витамин А може да доведе до болки во стомакот, главоболка, нервоза, болки во коските систем, повраќање ...

Функции на витамин А:

Каротинот го помага растот и развојот на здрав коскен систем. Витамин А е неопходен и за добрата состојба на непцата, забите, косата и ноктите. Недостатокот на витамин А во организмот доведува до губење на косата, сува и кршлива коса, сува, темна, модринки, сува кожа, забавен раст.

Ја подобрува состојбата (цврстина, еластичност и воопшто сеопфатниот изглед) и функциите на кожата и кожните жлезди. Затоа витамин А се нарекува уште еликсир на младоста. Тој го стимулира создавањето на колаген, поради што се смета дека Ретинолот има способност да ја пегла кожата и да ги отстранув брчките до одреден степен.

Витамин А е важен - еликсир на младоста за добриот вид, а недостаток на витамин А во организмот може да доведе до ксерофталмија (оштетување рожницата на окото) и Кокошкино слепило.

Витамин А е силен имуностимулатор. Без негово присуство, организмот е подложен на вируси, заразни болести и слично. Ја подобрува размената на материите.

Витамин А е силен антиоксиданс и го штити организмот од негативните влијанија на животната средина.

Богати со витамин А се како животинските, така и растителни производи - јајца, црн дроб, млеко, рибино масло, јаболка, праски, кајсии, шипинка, слива, црна рибизла, моркови, тиква, црвени пиперки, домати и повеќето цитруси.

Потребната дневна доза на витамин А е помеѓу 6 и 8 мг. Обично луѓето болни од рак, туберкулоза, со болести на бубрезите, простатата, со проблеми со дигестивниот и уринарниот систем имаат потреба од поголеми количини на витамин А.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“