Виз ер и ТАВ Македонија најавуваат експанзија со нови авиолинии и 6-ти авион во базата на скопскиот аеродром
Објавено во: Мои пари 18 Мај, 2023
Виз ер, најголемата авиокомпанија во С. Македонија и еколошки најодржливата авиокомпанија на глобално ниво денеска најави дополнително проширување доделувајќи уште еден воздухоплов во својата база во Скопје, известува ТАВ Македонија, компанијата која управува со двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.
Виз ерќе отвори две нови авиолинии од Скопје, до Љубљана и до Луксембург, закажани за претстојната есен и зима и ќе додели уште еден авион во Скопје со што ќе ја зголеми својата база во македонскиот главен град на вкупно6 воздухоплови од декември 2023 година.
Авиокомпанијата ќе ги зголеми и фреквенциите на девет постоечки авиолинии, на своите летови од Скопје до: Дортмунд, Бремен, Меминген, Берлин, Карлсруе/Баден-Баден (Германија), Рим Фиумичино (Италија), Брисел Шарлроа (Белгија), Братислава (Словачка) и Ајндховен (Холандија). Летови за Берлин, Ајндховен и Брисел ќе има секој ден.
Авиобилетите се веќе достапни на веб-страницата wizzair.com или пак на мобилната апликација Wizz Air's mobile app.
„Среќни сме што ги проширивме нашите воздушни операции во Скопје и поради тоа што воведуваме нови рути до Луксембург и доЉубљана. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Со зголемување на нашите фреквенции на девет рути и понудените нови дестинации, имаме за цел да им обезбедиме на нашите патници неспоредлива конекција и искуства од патувањата.Би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од Меѓународниот Аеродром Скопје за нивното одлично партнерство како и на Министерството за транспорт и врски за поддршката во работењето со нас за изградба на подобра воздушна поврзаност на Северна Македонија“, изјави Роланд Тишнер, Извршен директор и офицер за операции во Виз Ер Унгарија.
„Во ТАВ Македонијасме среќнисо оваа добра вест дека Wizz Air донесе одлука да го смести шестиот авион во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој чекор ќе резултира со севкупен раст на скопскиот аеродром што ќе го направи нашиот аеродром уште поатрактивен избор за деловни и рекреативни патници. Сместувањето на шестиот авион во базата е пресвртница што ја означува довербата на нашите партнери кои ни ја даваат како аеродромски оператор. Тоа ќе биде ново поглавје во нашето патување кон извонредност и ќе послужи како катализатор за понатамошен раст и развој. Со нетрпение очекуваме да ја прифатиме оваа можност и да обезбедиме исклучително искуство и за авиокомпанијата и за нашите ценети патници. Би сакал да се заблагодарам и на Виз ер за нивната одлука и на Министерството за транспорт и врски за континуираната поддршка“,изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.
Со оваа најнова експанзија, Wizz Air ја зацврстува својата позиција како лидер на пазарот, нудејќи широка мрежа на авиолинии и беспрекорни конекции од Скопје: вкупниот број на авиолинии на авиокомпанијата од Северна Македонија сега изнесува 35, вклучително со двете новонајавени. Одлуката на авиокомпанијата да додели дополнителен авион во Скопје ја поткрепува нејзината посветеност за поддршка на локалната економија, туризмот и бизнис-секторите. Служејќи како значајна инвестиција на пазарот, оваа распределба ќе отвори десетици нови директни и индиректни работни места во земјата, вклучително и позиции за пилоти и кабински екипаж, покрај над 250 лица кои веќе се директно вработени во Wizz Air во Северна Македонија.
НОВИТЕ АВИОЛИНИИ НА WIZZ AIR ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Рути |
Фреквенција |
Цени од ** |
Почеток |
Скопје – Луксембург |
Понеделник, Среда, Петок |
MKD 1869 / 29.99 EUR |
18 Декември 2023 |
Скопје - Љубљана |
Вторник, Четврток, Сабота*** |
MKD 1559 / 24.99 EUR |
27 Септември 2023 |
ЗГОЛЕМЕНИТЕ ФРЕНКВЕНЦИИ НА WIZZ AIR ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Рута |
Промена |
Скопје – Дортмунд |
од 7 на 10 летови неделно |
Скопје – Меминген |
од 7 на9летови неделно |
Скопје – Ајндховен |
од 4 на 7 летови неделно |
Скопје – Берлин |
од 4 на 7 летови неделно |
Скопје – Брисел Шарлоа |
од 4 на 7 летови неделно |
Скопје – Рим Фиумичино |
од 3на5летови неделно |
Скопје – Карлсруе/Баден-Баден |
од 3на4летови неделно |
Скопје – Братислава |
од 3на4летови неделно |
Скопје - Бремен |
од 2на3летови неделно |
* Според CAPA – Centre for Aviation Awards for Excellence 2022
** Цена во една насока, вклучувајќи административна такса. Вклучена е една торба за носење (максимум: 40x30x20cm). Торба со тркалца и секое парче регистриран багаж се предмет на дополнителни такси. Цената важи само за резервации направени на wizzair.com и мобилната апликација WIZZ.
*** Со 2 лета неделно во среда и недела до крајот на летната сезона 2023 година
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.