02 Декември, 2024
0.0346

Вкупниот надворешен долг ја проби бариерата од 5 милијарди евра

Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Надворешниот долг надмина 5 милијарди евра. Заклучно со октомври 2012 та вкупниот надворешен долг изнесува 5,07 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Речиси 1,6 милијарди евра кон странство должи само државата. Споредбената анализа покажува дека позначајно зголемување на долговите кон странство има кај државата и кај монетарната власт, или надворешната задолженост само на државата во септември во однос на месецот претходно пораснала за 108 милиони евра.
  • Бруто надворешен долг
  • држава                              1,6 милијарди евра
  • монетарна власт       344,5 милиони евра
  • банкарски сектор      565,2 милиони евра
  • приватен сектор             1,6 милијарди евра
Во истовреме има нов пораст на јавниот долг. Во ноември, долгот на централната влада достигна 30,7% од бруто домашниот производ – покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии. Од вкупниот долг на централната влада, кој изнесува 2,4 милијарди евра, 1,6 милијарди евра отпаѓаат на надворешниот долг, на чија страна се забележува намалување во однос на октомври. Внатрешниот долг се зголеми и достигна 803,5 милиони евра, што во однос на месецот претходно претставува зголемување за 20 милиони евра. Иако 2012 та почна со ниво на јавен долг од 26,1% од бдп, во третиот кавртал почнува тренд на позначајно задолжување, особено на домшен терен, со што стапката се доближува до 31 % од бдп, што е највиската измерена стапка во последните пет години. Токму на крајот од 2012 та во јавноста се отвори жестока дебата за тоа колку навистина е задолжена државата дома и во странство и дали владата дозирано ја информира јавноста за состојбата со долговите. Поранешниот гувернер и еден од поранешните министри за финасии, Петар Гошев, како и академик Абдулменаф Беџети тврдеа дека податоците за вкупниот јавен долг, кои не се достапни на јавноста, покажуваат дека тој изнесува повеќе од 45 отсто од БДП. Оваа година почнува со ново задолжување од 250 милиони евра зад кое како гарант стои Светска банка. Законот за задолжување владачкото мнозинство го изгласа без присуство на опозицијата во парламентот, откако претходно на ист начин го усвои и буџетот за 2013 та година. За 6 дена Владата треба да врати 185 милиони евра по основ на евробврзницата што беше земена во кризната 2009 та година со значајно висока камата од 9,8%. А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!