Влада: 2014 бележи највисоки капитални инвестиции
Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2015 17:07
Фискалната тебела објавена од Министерството за финансии покажува дека капитални инвестиции и нивната реализација биле на највисоко ниво во 2014 година и изнесувале 21 милијарди денари.
Според овие бројки на Министерството за финансии значи дека капитални инвестиции се зголемени за 280 проценти во изминативе десет години, кога во 2005 година изнесувале 10 милијарди денари.
Во делот на патната инфраструктура, после неколку децении започната е изградбата на 104 километри нова автопатска мрежа. Започнато е со изградба и на два нови модерни автопати. Едниот „Гоце Делчев“, автопат кој води од Скопје до Штип со должина од 47 километри и претставува инвестиција од 206 милиони евра. Другиот автопат „Мајка Тереза“ кој води од Кичево до Охрид претставува најголема инвестиција во последните 50 години. Изградбата на овој автопат долг 57 километри чини 374 милиони евра. Во 2014 продолжи изградбата на новата автопатска делница Демир Капија - Смоквица со должина од 28 километри, вредна 219 милиони евра. Изградбата на овие три автопатишта преставува изградба на 132 км автопатска мрежа или 50 отсто од постојната, велат од Владата.
Минатата година се работеше на изградбата и на пет регионални патни правци и еден експресен пат (Велес - Кадрифаково) со вкупна должина од 83,4 километри, а изградени се и 70 локални патни правци со вкупна должина од 125 километри.
Во делот на железничката инфраструктура, почнати се најкрупните проекти досега кои значат комплетно поврзување кон Албанија и Бугарија. Започна изградбата на пругата од Куманово до Белјаковце вредна 39 милиони евра. По 33 години почна и реконструкција на Железничката станица во Скопје, вредна 2,5 милиони евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





