06 Декември, 2025
0.0940

ВЛАДАТА БАРА 29 МИЛИОНИ ЕВРА: Економијата лази, задолжувањата ударнички?

Објавено во: Финансии 06 Септември, 2016 07:41

Добивај вести на Viber

Денеска, според објавените проспекти на Министерството за финансии, Владата продава записи со рок на доспевање од 364 денови и записи со девизна и денарска клаузула со рок на враќање од 182 дена, во вкупна вредност од скоро 29 милиони евра. До крајот на оваа година, вклучувајќи го и денешениот ден на задолжување на домашен терен, Владата планира да спроведе 16 аукциски денови. Имено, уште 16 пати ќе продава државни хартии од вредност, записи и обврзници, преку кои ќе обезбедува пари, кои главно се намаенети за враќање на веќе доспеани обврски кон кредиторите. Контрола, одговорност и отчетност за задолжувањaта ... Според предложениот ребаланс на Буџетот, Владата до крајот на годината планира внатрешното задолжување да остане на исто ниво предвидено со сегашниот буџет од 1,372 милијарди евра, надворешното да се намали, но затоа пак продлабочениот буџетски дефицит ќе го финансира со државните депозити, дел од нив што се планирани и за догодина. Дел од економистите подолого време алармираат на два фактори кога се анализираат задолжувањата, прво каде завршуваат парите и второ дали темпото на зедолжување е проследено со соодветни стапки на раст на економијата, односно дали и колку задолжувањата придонесуваат кон зголемување на растот. “Во така изградениот однос кон долгот, власта не ја поколебуваат ниту податоците за значително побрзиот пораст на долгот од растот на БДП што води кон должничко ропство. Отплатата на каматите и главниците во последните три години го надминува растот на БДП. Ланскиот БДП порасна за 3,7%, а износот на ануитетските исплати (камта плус главница) претставуваше 6,23% од БДП. Ануитетската отплата, пак, лани достигна износ од 19,31% од буџетската потрошувачка. Со овие податоци се виде дека не беше случајна трката за емитирање на еврообврзници од половина милијарда евра, од 270 милиони и од 450 милиони евра. Станува очигледно дека без нив, уште лани, не ќе можеа да се задоволат дел од предвидените буџетски потреби“ - пишува во својата колумна економистот Крсте Шајноски. Растечниот тренд на јавниот долг беше нотиран и во последниот извештај на кредитната агенција “Фич“ која оценката за Македонија од ББ+ ја намали на ББ со негтивен изглед. Во извештајот, аналитичарите го нотираат намалувањето на економсиот раст но и се укажува и на задолжувањата. “По најновиот ребаланс на буџетот повторно има надминување, односно неостварување на фискалните цели што значајно придонесе за значителен пораст на долгот до 40% од БДП до крајот на 2016 година, од 34% од БДП во 2012 година. И овие показатели се далеку под средната вредност од 51% од БДП, но долгот се очекува да остане на нагорен тренд“- се наведува во оценката на агенцијата која анализира дека растат долгорочните долгови, а цената на новата Еврообврзница ја поврзуваат со ризикот од политичката криза. За да се зголеми контролата врз идните задолжувања, Демократскиот сојуз до Собранието поднесе предлог законски измени со кои се бараше за секое задолжување поголемо од 100 милиони евра, да одлучува парламентот. Минатата недела, владеачкото мнозинство го одби предлогот, односно не прифати измена на сегашното законско решение. Од собраниската говорница, пратеникот Павле Трајанов рече дека овој предлог не е непозната пракса а е со цел да се зајакне контролата врз новите задолжувања. “Не може без транспарентна постапка да се зголемува јавниот долг, да нема стратегија каде ќе одат парите, дали ќе се зголеми БДП, ако парите се за клиентелизам и предизбори“ – изјави Трајанов од Демократски сојуз. Според последните расположливи податоци од Министерството за финансии заклучно со вториот квартал од годинава Јавниот долг изнесува 4,2 милијарди евра или 45,3 % од Бруто домашниот производ. Во поскедните шест години, или во однос на состојбата во 2011 година, нивото е зголемено за 1,8 милијарди евра. Имено пред шест години Јавниот долг изнесувал 32% од БДП а сега е зголемен за 45,3%. Според овој критериум Македонија сеуште е во групата на умерено задолжени економии, но дел од аналитичарите сметаат дека овие бројки не се конечни, односно не ја одразуваат целосната состојба со задолжувањата со оглед дека во методологијата не се вклучени и оние заеми на јавниот сектор за кои не гарантира дражавата, а исклучени се и обврските на Народната банка. Инаку, според критериумот на Бруто надворешна задолженост, земјава е во групата на високо задолжени економии. Бруто надворешниот долг заклучно со првиот квартал од годинава изнесува 70,9% од БДП. Р.ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката