ВЛАДАТА БАРА ЦЕЛА ДУЗИНА КАНДИДАТИ ЗА ПОВЕЌЕ УПРАВНИ И НАДЗОРНИ ОДБОРИ – еве што треба да исполните и кои места ќе се пополнуваат
Објавено во: Финансии 18 Октомври, 2024 07:47
Се бараат кандидати кои сакат да бидат дел од управните и надзорните одбори за контрола на материјално – финансиското работење на повеќе јавните претпријатија. Владата на својата веб страна го постави јавниот повик со кој бара кандидати кои сакаат да бидат членови на управен или пак на надзорен одбор. Притоа се бараат по седум члена за Управен одбор, и по три члена за Надзорен одбор во десет јавни претпријатија кои се основани од Владата.
Станува збор членови на УО и НО на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје. Исто така се бараат членови и за Јавно претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија – Скопје“. Потоа за Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми” Скопје.
Со овој оглас Владата очекува кандидати за истите позиции и за Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, како и за Јавно претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип. Во групата е и Јавно претпријатие за водостопанство „ЛИСИЧЕ'' – Велес, потоа Јавно претпријатие ''Стрежево'' – Битола, Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје, но и Јавно претпријатие за државни патишта, и на крај последо во групата десет јавни претпријатија за кои се бараат кандидати за членови на управен и надзорен одбор е Јавно претпријатие Колекторски систем.
Покрај овие кандидати, Владата исто така бара и пет кандидати за Управниот одбор и тројца за Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие за берзанско работење Агро –Берза – Скопје.
Воедно со овој оглас се бараат заинтересирани лица кои би биле дел од истите одбори на Сложбениот весник. Поточно со огласот Владата повикува граѓани за пријавување на кандидати за избор на 4 члена на Управниот одбор од редот на афирмирани и стручни лица и 5 члена на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија.
На јавните повици за членови на Управните одбори може да се пријават државјани на Македонија со високо образование, кои немаат никакви забрани за вршење на професија. Кандидатите треба да имаат најмалку пет години работно искуство од кои: најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.
Истото се однесува и на членовите на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење.
Напомена, они кои сакаат да се пријават, при доставувањето на документите треба да назаначат за кои управен или надзорен одбор се пријавуваат, поточно да го истакнат јавното претпријатие за кое се пријавуват.
Од Владата истакнуваат дека член на управен/ надзорен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие.
- Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор – се напоменува во огласот.
Исто така, посочено е дека функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие се неспоиви со функциите претседател и членови на Владата. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати до 21.10.2024 година.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





