Добивај вести на Viber
Владата денеска планира да се задолжи со скоро 114 милиони евра. Според објавените Проспекти на Министерството за финансии, станува збор за аукција на краткорочни хартии од вредност со рок на доспевање од 6 месеци и од 1 година. Во зависност од валутата и рокот на доспевање, Владата нуди каматна стапка од 3,10%, 3,15 % и 3,60%.
Според последните септемвриски податоци, Јавниот долг на Централната влада достигна скоро 2 милијарди и 700 милиони евра или за еден месец, од август до септември се зголеми за близу 9 милиони евра. Од оваа сума, надворешен долг изнесува 1,6 милијарди евра додека внатрешен долг 1,1 милијарда евра. Според податоците на Министерството за финасии, во септември е регистриран пораст на внатрешното задолжување што владата го спроведува преку продажба на државни хартии од вредност. Така, заклучно со деветтиот месец од годинава, државата на домашните кредитори им должи скоро 1 милијарда евра.
Во исто време и податоците на народната Банка укажуваат на раст на Бруто Надворешниот долг кој изнесува 5,6 милијарди евра. Неодамна гувернерот на Централната банка, Димитар Богов изјави дека и по овие податоци, Македонија останува умерено задолжена земја.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.