Владата го разреши Лазе Велковски од БЈБ
Објавено во: Македонија 14 Август, 2018
Лазе Велковски, е разрешен од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност,
Владата донесе ваква одлука на денешната седница.
За Велковски се потврди дека испратил службено возило и службен возач да ја однесе неговата ќерка и нејзини пријателки до туристичко место во Грција на одмор. Велковски рече дека имало закани за членови од неговото семејство.
Привремено, со позицијата ќе раководи заменик директорот Бесим Деари.
Премиерот Зоран Заев вчера самиот оцени дека Велковски погрешил, но додаде дека тој е ценет стручњак и член на СДСМ, со што не ја исклучи можноста тој да остане вработен во МВР.