Владата ќе почне со онлајн работа, а истото се очекува и од Собранието
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Октомври, 2020
Владата ќе работи онлајн.
Седницата закажана за вторник по препорака на Комисијата за здравство ќе се одржи без физичко присуство, а премиерот Зоран Заев очекува онлајн седници да одржува и Собранието како што е тоа пример со парламентите во многу земји.
„Верувам дека и Парламентот ќе биде многу разумен и ќе ја воспостави онлајн работата затоа што тоа го направија, колку што гледам, речиси сите парламенти и во регионот и во Европа“, рече Заев.
Веќе има двајца позитивни пратеници, а болниците во земјава се полни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.