05 Декември, 2025
0.0298

Владата стокми 288 милиони евра кредити од Дојче и Светска Банка, СДСМ порача – нема да помине!

Објавено во: Финансии 29 Декември, 2012 09:03

Добивај вести на Viber

За само еден ден Владата се задолжи со нови 288, 7 милиони евра кај Светска Банка и кај Дојче Банк. Собранието вчера експресно, речиси без расправа ги одобри новите задолжувања, од кои дел ќе влезат веднаш, а дел по нова година, со цел да се покрие, прво овогодинешната буџетска дупка, а потоа да ги поткрепи расходите за идната година. Светска банка Владата се задолжи со 50 милиони долари ка Светска Банка.  Целта на овој заем е да се обезбедат средства  за буџетска поддршка. Клучните активности кои ќе се поддржат со овој заем се поделени во четири области и тоа: -Развој на производство со висока додадена вредност; -Олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор; -Подобрување на ефикасноста на услугите на трговската логистика; -Воспоставување флексибилност на пазарот на труд, развој на вештини и иновација. Дојче банк Кредитот од Дојче банк, пак предвидува заем во износ од 250 милиони ЕВРА, со гаранција од Светска банка во износ од 155 милиони ЕВРА, рок на отплата 7 години- отплатата ќе се врши на две рати, при што првата рата во износ од 95 милиони ЕВРА ќе биде отплатена на денот на достасување кој паѓа 5 години од денот на повлекување на средствата на заемот, додека втората рата во износ од 155 милиони ЕВРА ќе биде отплатена на денот на достасување кој паѓа 7 години од денот на повлекување на средствата. СДСМ: Власта е спремна на се да ги грабне парите И додека Собранието набрзина ги изгласа законите СДСМ обвини дека за кусо време Владата се задолжила без стратегија за развој на земјата. -Сето ова што се случуваше во парламентот, кршењето на деловникот, законот и уставот, тепањето и исфрлањето на пратениците од опозицијата надвор од Собранието, како и насилната цензура на новинарските слободи, власта го направи само за пари, и тоа за многу пари, за преку 400 милиони евра само во овој краток период. Со тоа власта покажа, дека за да ги грабне парите, спремна е сè да направи. Тие пари на власта и се потребни за да си обезбеди поддршка за своето опстојување“, рече Јовановски. Јавниот долг на земјата неодамна надмина 30 проценти од БДП, а поранешниот гувернер Петар Гошев предупреди дека вкупниот јавен долг е многу поголем и дека заедно со долговите на општините и фондовите надминува 45 % од БДП. Власта ги игнорираше пораките од Гошев. Задолжувањата и буџетот беа главна тема деновиве и причина за најавената голема политичка криза откако пратениците на СДСМ беа отстранети од парламентот за да може да се изгласа буџетот. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“