Владата се пишмани – повлечен законот за отпишување долгови по основ на социјално осигурување
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2013
Инаку, предлог - Законот предвидува бришење на каматите по основ на долгови за неплатени придонеси од задолжителнопензиско и инвалидско осигурување настанати до декември 2008 година. Право на отпишување на камати за придонесите ќе имаат оние фирми кои најдоцна во рок од шест месеци од поднесувањето на барањето за бришење на каматите ќе изврши уплата на придонесите.
Исто така во овој предлог-Закон стои дека ќе се отпишат и каматите по основ на долгови за неплатени придонеси од задолжително социјално осигурување настанати во периодот од јануари 2009 година до декември 2012 година.
„ Во однос на каматите кои настанале по овој основ во наведениот период, со овој Предлог на закон се предвидуваа можност на целосно односно 100% ослободување на каматата, под услов главниот долг да се плати во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето. Понатаму, се дава можност за 75% отпис на каматата доколку уплатата на главниот долг се изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесување на барањето како и можност за 50% отпис на износот на камата, доколку уплатата се изврши во рок од 18 месеци “, пишува во објаснувањето од Министерсвото за финансии.
Мина законот за отпишување на долгови за здравствено осигурување Пратениците, пак попладнево го изгласаа предлог-Законот за мирување и отпишување на обврски по основ на придонеси за задолжително здравствено осигурување кои настанале до крајот на 2008 година. Предлог-Законот вчера влезе во Собраниските процедури и се донесе по скратена постапка. Законот предвидува дека компаниите кои имаат неплатен долг за придонеси за задолжително здравствено осигурување настанат до декември 2008 година, сега ќе мирува. Според предлог законот тој долг на компаниите ќе биде ставен во мирување од 1 јануари 2013 година се до 31 декември 2015 година. Во периодот на мирување за долгот кој мирува не се пресметува камата, ниту се поведуваат постапки за присилно извршување на долговите. Доколку во периодот од 2013 до 2016 година, компаниите редовно си ги плаќаат тековните обврски ово 2016 година во целост му се отпишува.. Во случај пак компанијата да не ги пресметува и уплаќа тековните обврски односно има два месеца последователно за доцнување ,се поведува постапка за наплата на долгот кој мирува.