Владина реакција по изјавата на Захариева: Јазикот и идентитетот се потврдени, да не даваме политички изјави

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2020 12:18
Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се факти потврдени од Обединетите Нации и за ова не смее да постои дилема. Владата на Република Северна Македонија е за дијалог којшто ќе доведе до решенија на отворените прашања. Сметаме дека во оваа фаза, со давање политички изјави, не треба да се нарушува процесот на разговори којшто се води меѓу двете министерства за надворешни работи. Ова е ставот на македонската Влада по изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, вчера за Ројтерс. Таа изјави дека Бугарија не го оспорува правото на Република Северна Македонија на самоопределување, ниту нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но дека треба да се признаат историската вистина и да се препознаат корените на нацијата и јазикот.
„Потсетуваме дека нема потреба од нов договор, ниту од анекс на Договорот. Во рамките на постојниот Договор, Владата е подготвена да прифати појаснување на одредени загрижености коишто постојат во Софија и сметаме дека на таков начин, гледајќи низ позитивна призма, Република Северна Македонија ќе ја оствари целта- до крајот на годината да ги почне преговорите за членство со Европската Унија. Факт е дека имаме заедничка историја којашто е потврдена во Договорот за доброседство, пријателство и соработка и ако се фокусираме кон иднината, заедничката историја треба да се искористи за да се најде решение. Владата на Република Северна Македонија ги охрабрува експертите од заедничката Комисија за историски прашања да продолжи кон изнаоѓање решенија, велат од Владата за Фактор.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ ЗАСЕГА Е НЕВОЗМОЖНА! Важно соопштение од македонската амбасада во Израел

„СИЛАТА ВО СДСМ СЕ ВРАЌА“: Филипче вели не отстапуваат од борбата да ја вратат државата на вистинскиот пат

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ ГЛУМИ ИНСПЕКТОР НА АХВ“: Агенцијата за храна вели Крстевски не е овластен и не смее да врши контрола кај операторите за храна

ЗОШТО АЦЕВСКИ СЕ КАНДИДИРАШЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЃОРЧЕ? Објави видео во кое објаснува сѐ

„ДАЛИ СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА НА МВР КОИ БЕА ТАМУ НЕ ГИ ПУШТАА ДЕЦАТА ДА ИЗЛЕЗАТ?“: „Марш на ангелите“ во Кочани, родителите бараат средба со ОЈО ГОК

ИМА ДОСТРЕЛ ДО 17 КИЛОМЕТРИ: „БОРАН“ пристигна во Македонија

МАЈК ЗАФИРОВСКИ ПРЕДВОДЕШЕ АМЕРИКАНЦИ КОИ СЕ НА АЏИЛАК ВО ЗЕМЈАВА: Беа на средба кај Силјановска Давкова

ЗНАМ ПРАВИ ПРЕДИЗБОРИ ПРЕСМЕТКИ: Онаму каде што тие ќе имаат кандидат, ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и нема да има свој кандидат

НАША ТЕМА: Тастатура херои и дигитални тролови - Кои се навистина луѓето што коментираат со отров на социјалните мрежи?
