15 Јануари, 2025
0.0282

Владини антикризни мерки: подобрување на ликвидноста или стимулирање на неплаќачите?

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Бизнисмените од комората на Северозапдна Македонија тврдат дека економската состојба во земјава е лоша и предлагаат - академиците од МАНУ, бизнис секторот и Владата, сите заедно да подготват стратегија која ќе понуди излез од кризата Бизнис ешалонот во Македонија се подели во ствовите после владината мерка за простување на долгови и отпишување камати за неплатени обврски за пензиско и здравствено осигурување. Мерката која ја претстави првиот финасисер Зоран Ставрески, кај сојузот на стопански комори наиде на поздравување, но не и кај коморара на бизнисмени од Северозападна Македонија. ССК тврди дека со оваа мерка ќе се подобри ликвидноста на компаниите, за комората на Северозападна Македонија ликвидноста сеуште е проблем за стопанствениците, особено после нивното тврдење дека побарувањата по основ на поврат на ДДВ државата не ги враќала со предвидената динамака. Комора на северозападна Македонија: Оваа мерка нема да го реши проблемот со ликвидноста Владината мерка која завчера беше обелоденета според комората на бизнисмени од Северозападна Македонија можеби само ќе ги стимулира компаниите кои не плаќале обврски, но тоа нема да им го реши проблемот, смета првиот човек на оваа комора Мендерес Кучи. Тој уште додава дека со оваа мерка сигурно нема да се реши проблемот со ликвидноста на компаниите. Државата повторно им должела на фирмите по основ на поврат на ДДВ. „Факт е дека државата должи за поврат на ДДВ. Прашањето кое сега се поставува е кои се причините зошто се должи. Се должи оти државната каса е празна, но прашањето е кој ја празни и како ја празни државната каса“, вели Мендерес Кучи, претседател на комората на бизнисмени од Северозападна Македонија. Кучи предлага за излез од економската состојба, активно вклучување и на академиците од МАНУ, каде заедно со нив и Владата без политички оптоварувања ќе подготват стратегија за излез од тешката економска состојба која секојдневно, како што тврди Кучи се повеќе се усложнува.. Сојуз на стопански комори: Мерките се дел од барањата кои ги доставуваме до минстерството за финансии Сојузот на стопански комори задоволен од предложените владини мерки. Извршниот директор Митко Алексов во изјава за МИА вели дека мерките се дел од барањата кои ги доставувале до Министерството за финансии. „Овие мерки се пред се поволни во дел на ослободување на компаниите од кумулирани обврски кои ги имаат по однос на овие придонеси. Според нашата евиденција, станува збор за компании кои имале сериозни финансиски проблеми, компании кои биле во стечајни постапки, меѓутоа со преорганизација и реконструкција успеале да излезат од оваа состојба и сега веќе имаат услови за натамошно добро економско функционирање“, изјави Алексов. Владата предложи простување на долговите по основ на пензиско и здравствено осигурување Инаку, со новите законски измени кои ги претстави министерот за финансии, Зоран Ставрески, државата ќе им ги простела долговите на државните и приватни компании кои не им го плаќале здравственото осигурување на вработените до 2009 година со услуов истото да го плаќаат навремено во следните три години. Според Ставрески со овие мерки ќе се зголемела ликвидноста на стопанството. „ Ако фирмата во наредните три години заклучно со крајот на 2015 година, редовно ги исплаќа тековните обврски по основ на придонес за здравствено осигурување, после три години ќе и бидат отпишани сите заостанатите обврски-основниот долг и каматата“, изјави првиот финансиер Зоран Ставрески.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања