26 Декември, 2024
0.0345

„ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ НЕ УСПЕВААТ ДА ГО СТАБИЛИЗИРААТ ПАЗАРОТ“: Левица апелира да се воведат мерки кои ќе го подобар стандардот на граѓаните

Објавено во: Економија 08 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Од политичката партија „Левица“ утрово со реакција за животниот стандард на граѓаните со обвинување дека владејачката гарнитура не презема доволно за заштита на животниот стандард на граѓаните. 

Последните податоци за растот на цените на основните прехранбени производи уште еднаш ја покажуваат неспособноста на Владата да се справи со економската криза. Само за два месеци, цените на основните продукти лебот, млекото и зејтинот пораснаа во просек за 10-15 отсто, што значи дека едно семејство денес троши најмалку 300-500 денари повеќе во текот на една седмица, само за основни намирници.

Овој раст, од 10-15 отсто не е само статистика, туку директен удар врз стандардот на граѓаните, особено во контекст на ниските плати и невработеноста. Владините мерки, кои често се импровизации, не успеваат да го стабилизираат пазарот. Напротив, тие само создаваат дополнителен притисок врз малите производители и трговци, кои се принудени да ги зголемуваат цените - алармираат од „Левица“. 

Од партијата велат дека ако Владата има желба да го спроведе нивниот предлот ќе има поголем ефект врз стандардот на граѓаните. 

Затоа предлагаат да се воведе:
- итна контрола на профитните маржи во малопродажбата и увозот
- намалување на ДДВ-то за основните прехранбени продукти
- субвенции за домашното производство со цел да се намалат увозните трошоци
- зголемување на минималната плата во согласност со инфлацијата

- За ова е потребна системска политика, а не маркетинг кампањи без реален ефект. Левица и понатаму ќе продолжи да анализира и да предлага конкретни мерки кои ќе бидат во насока на подобрување на животот на граѓаните, особено на оние со ниски, просечни и потпросечни, примања и социјално загрозените - нагласуваат од партијата. 

Фото: Принтскрин/Х

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Или никој нема да работи во недела или за двојна дневница

Мицкоски: Или никој нема да работи во недела или за двојна дневница

Марјан Ристески призна: Трговците не изманипулираа за „есенската кошничка“

Марјан Ристески призна: Трговците не изманипулираа за „есенската кошничка“

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

Од 1 јануари: Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник

Од 1 јануари: Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник

Русија почнува да користи биткоин за меѓународни плаќања

Русија почнува да користи биткоин за меѓународни плаќања

ОВОЈ СЕКТОР ДОЖИВЕА НАЈМНОГУ ЗАГУБИ НА РАБОТНИ МЕСТА ГОДИНАВА: Повеќе од 130.000 луѓе беа отпуштени

ОВОЈ СЕКТОР ДОЖИВЕА НАЈМНОГУ ЗАГУБИ НА РАБОТНИ МЕСТА ГОДИНАВА: Повеќе од 130.000 луѓе беа отпуштени

Уште 7,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“, изградбата на автопатите уште не е почната

Уште 7,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“, изградбата на автопатите уште не е почната

ЕВЕ КОЈА ПРОФЕСИЈА ЌЕ БИДЕ НАЈБАРАНА ВО ЕУ ВО 2025: Погледнете која професија најмногу ветува

ЕВЕ КОЈА ПРОФЕСИЈА ЌЕ БИДЕ НАЈБАРАНА ВО ЕУ ВО 2025: Погледнете која професија најмногу ветува

ОВА СЕ ТОП 10 НАЈДОБРИ КОМПАНИ ЗА РАБОТА ВО ЕУ ВО 2024: Нудат одлични услови, вработените се задоволни и мотивирани

ОВА СЕ ТОП 10 НАЈДОБРИ КОМПАНИ ЗА РАБОТА ВО ЕУ ВО 2024: Нудат одлични услови, вработените се задоволни и мотивирани