27 Ноември, 2024
0.0267

ВЛАСТА СЕ ЗАДОЛЖУВА 100 МИЛИОНИ ЕВРА КАЈ ЕВРОПСКАТА УНИЈА – Средствата ќе помагаат да се преброди кризата, каматата се уште не е дефинирана

Објавено во: Финансии 16 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Македонија побара и доби нова позајмица од Европската унија поточно од нејзиниот инструмен МФП – Макро финансиска поддршка. Во Собранието е доставен „Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската Унија по Договор за заем за Mакро-финансиска поддршка“, по скратена постапка. 

Вкупната вредност на заемот за кој ќе се задолжиме изнесува 100.000.000 евра, ќе се повлекува во две транши, секоја во износ од 50 милиони евра, во период од 2 години. Каматната стапка се уште не е дефинирана.

Во законот се посочува оти со овој заем ќе се помогне за надминување на ситуацијата предизвикана од војната во Украина и енергетската криза, заради кои дојде до зголемување на цените на производите, како во светот, така и во Македонија

-  Заемот во износ од 100 милиони евра ќе и биде доделен на  Македонија со цел Владата да ги користи средствата за резерви, за интервенција на пазарот на девизи или како директна поддршка за Буџетот. Заемот ќе се отплаќа со средства од Буџетот. Заемот ќе се повлекува во две еднакви транши од по 50 милиони евра. За секоја транша Министерството за финансии треба да поднесе писмено барање за повлекување средства до Европската комисија. По добивање на барањето, ЕК ќе ги обезбедува средствата од пазарот на капитал, односно ЕК во име на ЕУ ќе започне со емисии на обврзници или други трансакции - се појаснува во Законот доставен до пратениците.

Се посочува оти поради ААА рејтингот на ЕУ, се очекува средствата од пазарот на капитал ЕК да ги добие под доста поволни услови и под истите услови да и ги препозајми на нашата држава. За секоја транша ЕК ќе издаде Известување, во кое ќе бидат утврдени конечните финансиски услови за траншата: износот на траншата, датумот на исплата, каматната стапка, датумот на достасување, банкарските провизии, и останатите трошоци за повлекување на средствата.

Договорот за заем го склучува Владата, министерот за финансии го потпишува во името на Владата по претходно донесен закон за задолжување.

-  Макро-финансиската поддршка (МФП) е форма на финансиска поддршка на ЕУ, со цел да им се помогне на земјите кориснички во справувањето со сериозни, но генерално краткорочни потешкотии во билансот на плаќање или буџетот. Поддршката е во форма на среднорочни/долгорочни заеми или грантови (или нивна комбинација) и истата e наменета за земји кои се корисници на програма од Меѓународниот монетарен фонд – се појаснува во законското решение.

Во него исто така се посочува оти МФП е наменета за земји кои географски, економски и политички се блиску до ЕУ, вклучувајќи ги земјите кандидати, потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се граничат со ЕУ, односно сите земји опфатени со Европската соседска политика, а во одредени околности и други трети земји.

-  Овој инструмент има за цел да помогне на земјите во враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските прилагодувања и структурните реформи. Наменет е стриктно како дополнување на финансирање добиено од ММФ. По правило, средствата од МФП се исплаќаат на централните банки на земјите-кориснички и истите Владата може да ги користи како што смета дека е соодветно, било да е за резерви, интервенција на пазарот на девизи или како директна поддршка за буџетот – се појасува во документот доставен во Собранието.

За разлика од другите форми на финансиска поддршка од ЕК како Инструментот за претпристапна поддршка (ИПА), Европскиот инструмент за соседство и партнерство или Европскиот фонд за развој, МФП е мерка за итна помош. Македонија и во 2020 и 2021 година користеше 160 милиони евра МФП од ЕУ за справување со економските последици предизвикани од Ковид-19. Станува збор за средства од пакетот кој ЕК го воспостави во време на корона-кризата.

Условите за повлекување на првата и втората транша се утврдени со Меморандумот за разбирање, и истите се однесуваат на спроведувањето на реформите во следните области: јавни финансии, деловно окружување, образование и пазар на труд, енергетика, правосудство, добро управување и борба против корупција

П.О. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите