16 Ноември, 2024
0.0514

„Власта вдомува лица со лични и партиски релации со функционерите“: Кузеска тврди „се врши груба партизација на АЕК“

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Уште еден скандал на власта на Мицкоски и ДПМНЕ, уште едно скандалозно ухлебување и груба партизација на АЕК. 
Сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, власта ја избра да биде член на Комисијата на АЕК (Агенцијата за електронски комуникации)  со надоместок од 2.700 евра месечно.

Ова денеска го посочи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на пресконференција. 

Ухлебувањето на Трпковска е спорен од повеќе аспекти.

1. Прво, власта спроведува брутална партизација АЕК, која треба да биде независно тело, и вдомува лица со лични и партиски релации со функционерите од актуелната власт.

Трпковска се уште се води како сопственичка на компанијата што требаше да ја гради спорната катна гаража, а избрана е во период кога се подготвува Закон со кој би требало да се обештети нејзината компанија.

На нејзината фирма адвокат и беше Панче Тошковски. 

Дали ова не е конфликт на интерес само по себе?

Дали блиските релации на нејзиното најтесно семејство со Панче Тошковски се една од причините зошто е избрана Трпковска? Нема ништо независно.

2. Второ, власта го прекршува Законот за електронски комуникации - нагласи Кузеска, а потоа ја посочи биографијата на Трпковска. 

Кузеска кажа дека идната директорка на АЕК „навела дека пред неколку години завршила високо образование по јавна администрација и дека се стекнала и со магистер по правни науки. Што значи нема посебни познавања од областа на електронските комуникации“.

- Освен ако власта смета дека познавање од областа на електронските комуникации е користење Интернет и Ворд  како што самата Трпковска напишала во биографијата.

Во член 17 од Законот за електронски комуникации јасно се дефинирани условите, за да биде избран некој член на Комисијата на АЕК мора да има соодветно работно искуство во струката и цитирам „посебни знаење од областа на електронските комуникации“.

Тоа не е случај со Трпчковска и СДСМ изразува сомнеж дали таа воопшто ги исполнува условите и основните критериуми.

Станува збор за целосно некомпетентен човек , без познавање на електронските комуникации, одноставно несоодветен за оваа позиција. 

ДПМНЕ и Мицкоски едно ветуваа пред изборите, сега друго прават - нагласи Кузеска.

Потоа дополни дека не е само во АЕК, партизацијата со некомпетентни луѓе ДПМНЕ спроведува и во Агенцијата за разузнавање, во МВР, по министерствата, институциите, насекаде. Со партизација  и ухлебување на блиски до власта Мицкоски и ДПМНЕ ги осакатува институциите. Или до ова дереџе е дојдена работата или мотивите се сите зделки на власта понатаму во делот на телекомуникациите да бидат под партиска контрола на ДПМНЕ во АЕК.

- Бараме повлекување на ова одлука на Владата и мнозинството, а Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет по допрен глас - потенцираше Кузеска. 

Можеби ќе ве интересира

„БУЏЕТОТ Е КРЕИРАН ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ“: Спасовски тврди дека проекциите за следната година се нереални

„БУЏЕТОТ Е КРЕИРАН ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ“: Спасовски тврди дека проекциите за следната година се нереални

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ДОБИЈА БУБРЕГ ОД ПОЧИНАТ ДОНОР: благодарение на хуманиот чин на семејството ќе продолжат нормален живот

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ДОБИЈА БУБРЕГ ОД ПОЧИНАТ ДОНОР: благодарение на хуманиот чин на семејството ќе продолжат нормален живот

„СИТЕ СЕ СЕЌАВАМЕ НА ПАРТИСКАТА ТУРКАНИЦА ЗА ВО АЕК“: ВМРО возвраќа, заврши времето кога СДС аздисуваше

„СИТЕ СЕ СЕЌАВАМЕ НА ПАРТИСКАТА ТУРКАНИЦА ЗА ВО АЕК“: ВМРО возвраќа, заврши времето кога СДС аздисуваше

НА ИНТЕРНЕТ „ЦАРУВААТ“ ЛАЖНИ РЕКЛАМИ - се користат фотографии од познати личности, граѓаните да бидат повнимателни

НА ИНТЕРНЕТ „ЦАРУВААТ“ ЛАЖНИ РЕКЛАМИ - се користат фотографии од познати личности, граѓаните да бидат повнимателни

„Буџетот за социјална заштита се намалува за 44,6 отсто“: Левица бара повеќе пари за заштита на загрозените, но и за екологија

„Буџетот за социјална заштита се намалува за 44,6 отсто“: Левица бара повеќе пари за заштита на загрозените, но и за екологија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ - епицентарот во Дојран

ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ - епицентарот во Дојран

„ТРИ ГОДИНИ СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГИ БЛОКИРААТ БУЏЕТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ НА ЈСП“: град Скопје со реакција за јавниот превоз

„ТРИ ГОДИНИ СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГИ БЛОКИРААТ БУЏЕТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ НА ЈСП“: град Скопје со реакција за јавниот превоз

„ВО НАШАТА ДРЖАВА СИТЕ КАКО ДА САКАМЕ ДА ГИ ТОЛКУВАМЕ ЗАКОНИТЕ“: Дамева за одлуката на ДКСК „директен упад во судската власт“

„ВО НАШАТА ДРЖАВА СИТЕ КАКО ДА САКАМЕ ДА ГИ ТОЛКУВАМЕ ЗАКОНИТЕ“: Дамева за одлуката на ДКСК „директен упад во судската власт“

„ПОЛИЦИЈАТА ГИ НАОЃА ТЕЛАТА ПО КАЖУВАЊЕ НА ОБВИНЕТИТЕ“: Адвокатот Јанаки за судењето кое ја бранува јавноста „како сега негираат вина?“

„ПОЛИЦИЈАТА ГИ НАОЃА ТЕЛАТА ПО КАЖУВАЊЕ НА ОБВИНЕТИТЕ“: Адвокатот Јанаки за судењето кое ја бранува јавноста „како сега негираат вина?“