ВЛАСТИТЕ БАРААТ: Maски да се носат и дома
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Јули, 2020
Официјален претставник од мадридскиот регион пoвика граѓаните да носат маски и во своите домови, доколку во нив има луѓе со кои не живеат постојано заедно.
Сепак, ваквото носење на маски, властите нема да можат да го контролираат.
Во Мадрид, маските се задолжителни секаде на јавни места, освен ако не сте на отворено и може да одржувате растојание од 1,5 метри.
Во повеќето делови на Шпанија мора да се носат во јавност без оглед на растојанието.
„Препорачуваме, како мерка на претпазливост, маските да се носат и во приватни простории кога ќе седите со луѓе со кои не живеете“, рече Енрике Руиз Ескудеро, шеф на здравствените служби во регионот на Мадрид.
Повеќето кластери се од собири каде има повеќе луѓе кои не живеат заедно.
Во Шпанија од коронавирусот починаа над 28.000 луѓе.
Заразени се 317,246 луѓе, што земјата ја позиционира на 9-то место во светот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.