05 Декември, 2024
0.0276

Влијанието на превземениот имот врз банките

Објавено во: Финансии 27 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања на банките заклучно со 31.12.2013 година изнесуваа 7.717 милиони денари или 5.846 милиони денари, доколку почетната вредност се намали за износот на оштетувањето.Во структурата на преземени средства најзастапени се градежните објекти (над 70%) додека речиси подеднакво учество (околу 10%) имаат станбените објекти и опремата.

пишува Даниела Петровска, Стопанска Банка Битола

Во изминатите неколку години, во услови на финансиска криза, граѓаните а особено голем број компании се соочија со тешкотии во нивниот бизнис, кои произлегуваат од   намалена побарувачка на нивните производи, намалено производство, губење на деловните партнери и пазари што доведе до финансиски тешкотии во компаниите кои директно влијаат врз редовноста на подмирување на обврските спрема банките. Затоа банките заедно со клиентите се обидуваат да најдат поволни можности за  реструктуирањето на обврските, односно приспособувањето на отплатите според новонастаната финансиска состојба на клиентот. Тоа претставува поволен инструмент за надминување на финансиските тешкотии кај клиентите, но воедно е и скап инструмент со оглед на тоа дека треба да се извојат резервации, што претставува директен трошок за банката.

 Поради општата неликвидност и немоќта на граѓаните и компаниите доведува до неможност за подмирување на обврските за земените кредити што во крајна граница резултираат со реализација на обезбедувањето, односно активирање на хипотеки и преземање на движен и недвижен имот. Преземањето имот претставува последен чекор за банката да го наплати своето побарување од својот клиент и неговата продажба бара ангажирање многу време и ресурси од страна на банките. Продажбата е детерминирана од повеќе елементи и фактори, меѓу кои поважни се видот на преземеното средство, локацијата, староста, регулираните имотно-правни односи и секако, вредноста, односно цената по којашто се продаваат. Според начинот на продажба, 50,7% од преземениот имот на банките е продаден во готово, 29,5% во комбинација на кредит и во готово и 15,9% на кредит, додека останатите начини на продажба имаат незначително учество. Покрај тоа што најчесто преземениот имот , пред се, го сочинуваат станови, деловен простор и земјиште, исто така голем дел од преземениот имот се производни капацитети и опрема. Средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања на банките заклучно со 31.12.2013 година изнесуваа 7.717 милиони денари или 5.846 милиони денари, доколку почетната вредност се намали за износот на оштетувањето.Во структурата на преземени средства најзастапени се градежните објекти (над 70%) додека речиси подеднакво учество (околу 10%) имаат стамбените објекти и опремата. Според сметководствениот и регулаторниот третман на преземените средства, се овозможуваа банките пореално да ги прикажуваат преземените средства во своите биланси и се мотивираат побрзо да го продаваат имотот преземен заради наплата на побарувањата. Исто така, со оваа регулатива се овозможува да се избегнат цикличните промени во билансот на успех поради прикажувањето приходи при ослободувањето на исправката на вредноста за ненаплатеното побарување коешто е затворено со преземањето на средството. Освен тоа, се овозможува натамошно зајакнување на капиталната позиција на банките, што покрај тоа што создава поголем простор за кредитирање, придонесува и за зајакнување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот систем. Банките годишно се должни да извршат оштетување на вредноста на преземениот имот од најмалку 20% од неговата сметководствена вредност како и прикажување на револоризациска резерва како разлика помеѓу износот на затворената исправка на вредноста/посебната резерва на ненаплатено побарување и почетната обврска за прикажување на ревалоризациската резерва и почетното оштетување на преземеното средство. Речиси две третини од средствата коишто се продадени во 2013 година, се преземени во 2012 и 2013 година (56% од продадените средства се преземени во 2012 година, а 9,5% се во 2013 година). Ваквата структура на продадените средства според датумот на нивното преземање е добар показател за напорите на банките за нивна побрза продажба, имајќи предвид дека продадените средства во 2013 година во билансите на банките се задржале околу 2,6 години, во просек. Во контекст на подобрувањето на финансиските резултати Стопанска банка а.д.Битола  ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на превземениот имот како и контрола на трошоците со цел понатамошно подобрување на финансискиот резултат. Курсот на банката и понатаму ќе биде насочен кон одржување на  трендот на раст на нето приходите од камати и провизии со што би се создале услови за дополнително подобрување на финансискиот резултат и покрај неповолната економска состојба во земјата и светот како последица на светската финансиска криза.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра