ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ - Ако албанската платформа е добра извадете ја на избори
Објавено во: Македонија 04 Март, 2017
ВМРО ДПМНЕ и натаму останува на ставот дека постојат два можни излезе од политичката криза, или нови избори или поддршка за СДСМ во малцинска влада, но албанската платформа мора да се спречи да биде донесена. На СДСМ и е испратена нова порака заедно со албанските партии да излезат на избори и да ја стават платформата пред граѓаните.
„Доколку СДСМ и Зоран Заев се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, нека прифатат распишување на нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана.” – се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ