22 Ноември, 2024
0.1387

ВМРО-ДПМНЕ ги крие пратеничките листи како змија нозете

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Утре на полноќ истекува рокот за доставување на листите на кандидати за пратеници до ДИК.

Засега официјално опозициската партија ги објави јавно сите пратеници со кои ќе се трка на изборите во декември.

За разлика од СДСМ, владеачката гарнитура ќе чека пет до 12 за да ги обелодени кандидатите во шестте изборни единици.

Многумина велат дека ВМРО-ДПМНЕ се до последен момент ќе ја држи јавноста во неизвесност во однос на ова прашање, а партиски извори велат дека нивна обврска е да ги достават листите до петок на полноќ (11 ноември), а за тоа како и дали ќе ги промовираат, ќе известат дополнително.

Оваа одлука на партијата не треба да не чуди, имајќи ги предвид фактите дека пред полноќ ги поднесоа и листите со имињата на кандидатите за пратеници за предвремените избори кои беа закажани на 5 јуни.

Тогаш Никола Груевски ја предводеше кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата единица, министерот за надворешни работи Никола Попоски во втората изборна единица, координаторот на пратеничката група Илија Димовски третата изборна единица, министерот за здравство Никола Тодоров четвртата, Антонио Милошоски беше кандидат во петтата единица а пратеникот Влатко Ѓорчев во шестата изборна единица.

Дали ќе има промени и прераспределувања во листите на партијата на Никола Груевски останува да го чекаме официјалното објавување.

Партија пак која денеска ги утврди своите кандидати е Либералната партија.

Оттаму соопштија дека носител на кандидатската листа во Првата изборна единица ќе биде претседателот на ЛП Ивон Величковски, а потпретседателот на партијата Кире Бузлиев е носител во Втората изборна единица. Во тројката ноистел на листата е Данчо Марковски, а во четворката Даница Јованова. Во Петтата изборна единица кандидатската листа ќе ја предводи Кице Мицковски. 

Оваа партија на изборите ќе настапи самостојно.

ДИК има 48 часа да ги разгледа кандидатските листи на сите партии, и доколкунешто не е во ред со имињата на листите и треба да се поправи или дополни, тие им се враќаат на партиите, кои, пак, имаат уште 48 часа да реагираат и да ги вратат исправни.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР