ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ГИ ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ: Ќе се здружи ли повторно двоецот Груевски-Ахмети?
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2017 11:10
Партиите кои до неодамна беа колаиционен партнер - ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во текот на наредната недела ќе ги почнат преговорите за формирање на нов владин кабинет . Ова го соопшти функционерот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Милошоски, кој е поранешен министер за надворешни работи, го нагласи ставот кој пред неколку денеа го кажа и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, дека не планираат да формираат влада по секоја цена, посебно по цена за менување на Уставот за воведување на двојазичност на територијата на цела држава.
Функционерот на ВМРО ДПМНЕ и донеодамнешниот претседател на Собранието Трајко Вељаносвки сметаат дека преговорите за влада ќе бидат успешни и дека од понеделник, 23 јануари ќе почне решавањето на сите отворени прашања.
Коментирајќи ја платформата на албанските партии за воведување на двојазичност, Вељановски оцени дека се работи за документ кој е изработен во друга држава и наместо да помогне, само ја искомплицирал состојбата.
Албанскиот амбасадор во Скопје Фатос Река рече дека неговата земја има уставна обврска да се грижи за сонародниците кои живеат надвор од територијата на Албанија.
-Не се работи за мешање во внатрешните работи на Македонија, туку за консултации со политичките лидери на Албанците во Македонија-појаснил тој.
Македонскиот министер за надворешни работи пак Никола Попоски, вчера го обвини милијардерот Џорџ Сорос дека преку невладините органзации кои ги финансира се меша во внатрешните работи на земјава.
Тој за италијанскиот весник Верита рекол дека лобито на Сорос ги финансира невладините организации со околу 5 милиони евра годишно.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




