19 Декември, 2025
0.0482

ВМРО-ДПМНЕ и натаму лути на Катица Јанева за Пуч - Го спасија Заев од судот

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2017 16:40

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму покажува лутина кон специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која реши да се откаже од случајот „Пуч“ за кој смета дека нема доволно докази со што заврши судската постпака во која меѓу обвинетите беше и Зоран Заев. На денешната прес конференција говореше Кирил Миновски кој вели дека СЈО е непрофесионална институција во служба на политиките на СДСМ.

- Катица Јанева во случајот „Пуч“ можеше да избира помеѓу застапување на доказите обезбедени преку признанието на сега осудениот Ѕвонко Костовски, скајп комуникацијата и писмото од Заев до Верушевски или да премине на другата страна и по втор пат да аболицира лице кое во минатото стори и други кривични дела. Катица Јанева се откажа од правото и правдата и се определи за Заев.

Во предметот „Пуч“ има бројни докази. Го знае тоа и Катица Јанева и Зоран Заев. Го знае тоа и обвинителството за гонење дела од областа на организираниот криминал и советот кој одлучуваше за правосилност на обвинението. Зоран Заев е загазен во криминал и во судска постапка ќе се докажеше обвинението. Затоа Катица Јанева одлучи да се повлече и да го брани криминалот. Во спротивно самиот Заев ќе бараше во судска постапка да се докаже неговата невиност, рече Миновски.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица