ВМРО-ДПМНЕ и се нафрли на ЛДП - Партија која се активира на копче на Бихаќка
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2017 15:39
ВМРО-ДПМНЕ не трпи критики и не одговара на истите на соодветен начин, туку веднаш побрза да ја нападне ЛДП која е против екстерното тестирање, страв кој оваа помала партија го зазема веќе подолг период. Затоа изненадува што од нигде никаде ВМРО-ДПМНЕ излезе со жестоко соопштение со бројни навреди.
- ЛДП е безличен привезок на СДСМ/Сорос и дел од деструктивната мрежа која беше поразена на изборите. ЛДП е без компас и концепт и се активира само на копче од Бихаќка.
Потребата за екстерно тестирање е препознаена уште во периодот кога СДСМ и ЛДП беа на власт, односно во рамките на Националната програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015.
Моделот на екстерно тестирање кој што се применува од оваа учебна година е значително унапреден согласно конструктивните сугестии и предлози, па така меѓу останатите новини, оценките кои ќе ги добиваат учениците нема да влијаат на општиот успех. Тие наместо во ученичкото свидетелство, ќе се впишуваат во негов додаток и ќе бидат еден од критериумите кои ќе обезбедуваат предност при упис во средно училиште, односно на факултет, а учениците од четврто и петто одделение нема да бидат дел од тестирањето.
Очигледно за ЛДП, исто како и за СДСМ воведувањето на било какви реформи меѓу кои и образовните се неприфатливи, со оглед на тоа што во минатото кога имале можност да управуваат со институциите биле преокупирани исклучиво со криминалниот процес на приватизација, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




