19 Декември, 2025
0.0535

ВМРО-ДПМНЕ “калеми“ неуспеси на СДСМ: 0% раст на БДП, 20% пад на градежништвото, цените растат

Објавено во: Македонија 16 Април, 2018 10:30

Добивај вести на Viber

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста се отвораат многу критики кон власта, ставајќи акцент на неуспесите кои се множат.

„Со СДСМ на власт корупцијата стана начин на работење и функционирање на државата.

Милионските тендери во четири очи, преку кои милиони наместо во нови инвестиции завршуваат на приватни сметки стануваат наше секојдневие.

Коруптивниот начин на работа мора да запре. Граѓаните нема од свои пари да ги плаќаат бизнис шемите на власта.

Додека милиони се испумпуваат од буџетот. Државата стагнира. Република Македонија под водство на СДСМ е на дното на Европа.

0% раст на БДП, 20% пад на градежништвото, цените растат, граѓаните ја чувствуваат економската стагнација.

СДСМ нема ниту капацитет, ниту план за иднината на државата. Гледаме само бизнис коруптивни шеми, од кои профитираат неколку фамилии во врвот на власта.

Додека се цеди буџетот на државата за приватни потреби, додека економијата тоне, а задолжувањето расте, власта ја дефокусира јавноста со монтиран кривичен прогон на десетина патриоти, за непречено да продолжи да ја урнисува државата.

Десетици неистомисленици на Заев, меѓу кои лекари, уметници, режисери, актери и видни општествени дејци неосновано се влечат по судови и притвори, со цел приредување медиумски спектакл за дефокусирање на јавноста од економската катастрофа во режија на СДСМ.

Случајот за кој се товарат е политичка конструкција и нема врска со правото. Овој случај е срам за правосудството и правниците, кои наместо по закон работат по нотите на Заев.

Граѓаните ја гледаат деструктивноста на власта. Граѓаните гледаат дека правдата е загрозена, а правната држава деградирана.

Република Македонија со СДСМ само тоне. Ова сценарио кое ја води државата во хаос мора да запре. Оваа ненародна власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро“, стои во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?