ВМРО-ДПМНЕ ќе се пребројува со нови членски книшки
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2018 14:58
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека поради, како што велат, загрижувачката состојба во Република Македонија, како партија ќе се спротивстават на назадувањето преку понуда на проекти и решенија. Заради ова, ќе го ажурираат членството со луѓе кои ќе нудат решенија и предлози, но и кои ќе изработат сопствена понуда ангажирајќи ги најдобрите капацитети и најдобрите поединци и професионалци во оваа држава.
Затоа, на последната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.
-Повикот ќе трае до 15-ти декември 2018 година. Кандидатите за Членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават мотивационо писмо, биографија (CV), истиот овој Јавен Повик ќе биде објавен и во дневниот печат и на официјалниот сајт на партијата, информираше генералниот секеретар на партијата Игор Јанушев.
Како што рече, се поттикнуваат сите оние кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата да се пријават.
Втората одлука донесена на последната седница на Централниот Комитет била за ажурирање на членството, кое ќе почне од 01.12 и ќе трае 3 месеци.
-Ги повикувам сите членови кои ги споделуваат ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ да се обратат односно да ги посетат општинските комитети и да го ажурираат своето членство, односно податоците во истото. Се оди чекор понапред и се следат современите текови, односно новина е тоа што овој пат членските книшки, по завршување на ажурирањето, ќе бидат со модерен изглед слични на пример со личните карти кои што секој ги има полнолетен граѓанин, рече Јанушев.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




