ВМРО-ДПМНЕ најави голем антивладин митинг
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2018 19:47
ВМРО-ДПМНЕ на 2 или 3 јуни во Скопје ќе одржи голем народен митинг против актуелните владини политики. Од партијата велат дека оваа Влада ја води државата во погрешна насока.
ВМРО-ДПМНЕ е во една внатрешна реорганизација, а по неа се планираат силни теренски активности.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека во партијата во тек е избор на локални раководства односно на претседатели на општински комитети и на раководства на општинските комитети кои се основен двигател на нашата политичка партија.
„Потоа планираме силни теренски активности, а дел од нив е и големиот народен митинг. Меѓу граѓаните, сакаме да ја пренесеме нашата порака, да ги претставиме нашите концепти кои ги градиме како ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Да дадеме јасна критика на Владата и сериозно да го подготвиме членството и симпатизерите, но и да ги поканиме неопределените да ни се приклучат во една силна битка која што ја поведуваме против оваа Влада“- вели Николоски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека задолжувањето планирано за утре, во вредност од 16 милиони евра, претставува показател дека владеењето на СДСМ нема капацитет да ја води државата.
Можеби ќе ве интересира
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат




