ВМРО ДПМНЕ нема да го блокира Собранието, ако СДСМ и ДУИ побараат избор на Претседател
Објавено во: Македонија 09 Март, 2017 13:20
Доколку СДСМ и ДУИ решат да влезат во Собранието, односно побараат седница на Парламентот и избор на претседател на собранието, ВМРО ДПМНЕ нема да ги спречува во таа намера.
Ова го изјави вчера функционерот од ВМРО ДПМНЕ Никола Тодоров во емисијата Топ тема на Телма.
Тодоров посочи дека ВМРО ДПМНЕ нема да преземе чекори со кои ќе се уништуваат институциите, ниту пак ќе повикуваат на немири.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да преземе ниту еден чекор со кој што е во правец на уништување на институциите, во правец на креирање на немири или во правец на предизвикување на тензии кои што можат да завршат, со недај боже, повредени и т.н.“, изјави Тодоров за Топ тема на Ваша страна.
Тодоров убедува дека ВМРО ДПМНЕ не ги контролира организациите и вели дека единствено што можат е да повикаат на смиреност.
„ВМРО-ДПМНЕ не ги контролира тие организации, не ги контролира граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ може да повикува на смиреност и ВМРО-ДПМНЕ секогаш тоа го правела“, изјави Тодоров.
Според членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, договорот на СДСМ и ДУИ е аисметрилен. Договор во кој СДСМ само дава, а ДУИ само добива.
Во разговорите со ДУИ тие имаа свои барања, и ние имавме наши. Доколку постигнавме договор со ДУИ, тој ќе беше симетричен. Она што сега го гледаме меѓу СДСМ и ДУИ е асиметричен договор, потенцира Тодоров.
Според него, секогаш кога влада прави онаа политичка партија која ги изгубила партиите е спремна да даде многу повеќе од победникот.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




