ВМРО-ДПМНЕ: Ниедна празна изјава на Шеќеринска нема да ја намали загриженоста на граѓаните
Објавено во: Македонија 08 Март, 2017 16:58
Ниедна празна изјава на Радмила Шекеринска нема да ја намали загриженоста на граѓаните за иднината на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека прифаќањето на Тиранската Платформа од страна на СДСМ и криењето на тоа што Радмила Шекеринска го договарала со албанските партии, предизвикува тензии и сериозна загриженост меѓу граѓаните.
„Загрижени се дури и членовите и гласачите на СДСМ кои се чуствуваат измамени. Народот е мудар и сфаќа дека Шекеринска и СДСМ го кријат договорот затоа што тој содржи елементи кои се спротивни на националните и државни интереси. Радмила Шекеринска го прави и денес тоа што најдобро знае и го практикува две ипол децении, да ја манипулира јавноста за политичка корист. Наместо да си ја омаловажува државата и македонскиот народ кај странски претставници, добро е после толку време политиканство да седне и нешто корисно да се обиде да стори за сопствената држава. Знаеме сите дека била тука кога се вршела најскандалозната приватизација. Знаеме дека умее да си изнајмува повеќе станови сама на себе. Знаеме и дека не била способна да застане барем еднаш зад некој национален интерес. Две ипол децении се влече за функција по политичките кулоари со цел да може да учествува бомбона бизниси“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат Шеќеринска дека е жедна и гладна да се фати за фотелја, и дека е подготвена да си ја продаде и нацијата и државниот интерес. Да не ја знаеме, би се изненадиле. Но тоа е Радмила Шекеринска, во свој елемент, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




