ВМРО-ДПМНЕ реагира за некрологот со Груевски и бара санкции
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2017
Морбидната објава на социјалните мрежи со фотографија на која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е прикажан како починат човек е говор на омраза и срамно и ниско ниво на комуникација, реагираат од ВМРО ДППМНЕ.
„СДСМ во моменти на длабок очај, соочувајќи се со поразот кој им го нанесоа граѓаните, посакуваат нечија смрт само за да си ги задоволат сопствените потреби на гнев и омраза“- велат од партијата.
Бараат осуди и санкции за сторителите.