19 Септември, 2024
0.0303

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер со висока цена за ремонтни активности на РЕК Битола од раководството во заминување

Објавено во: Македонија 10 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, најави одговорност од раководството во заминување на ЕСМ и РЕК Битола, поради тендер со висока цена за ремонтни активности.

„За да се воочи што правело раководството на ЕСМ треба првин да го погледнеме договорот кој што претпријатието преку РЕК Битола го склучило со Марковски компани на 08.05.2023 година, за ремонтни активности по цена од 1516 денари од саат. Ова е тој договор. А потоа да го погледнеме овој договор од 17.07.2024 година за ремонтни активности на истата Марковски компани, склучен по цена од 3947 денари саатнина.

За една година за случен вид на активности РЕК Битола и плаќа на Марковски компани 2.5 пати повеќе за саат извршена работа.

Важно е да се разбере дека Марковски компани и во 2023 година не работела со загуба на тендерот туку имала заработувачка. Па оттука се поставува прашањето каде завршила разликата во цена од 2.5 пати?

Овој случај станува уште пофрапантен кога ќе се земе вкупната цена на тендерот од 2023 година, кој е 14.7 милиони денари и вредноста на тендерот од 2024 година кој е 208 милиони денари.

Логички се поставува прашањето каде завршиле над 90 милиони денари, т.е. над 1.5 милиони евра? Дали ова се пари со кои треба да се финансира СДС од опозиција? СДС да каже каде е разликата од над 90 милиони?

Доволно е ЈО да ги спореди двата договори и веднаш да има истрага и апсење.

Очекуваме ЈО да не спие и да почне со работа. Во спротива и тие стануваат соучесници во овој криминал, за кој во целост ќе има одговорност.“, објави Стојановски.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКАВА КАЗНА ЌЕ ПЛАТИТЕ АКО НЕ ЈА ЗАМЕНИТЕ ВОЗАЧКАТА НА ВРЕМЕ: На први јануари сите возачи мора да имаат нови возачки

ЕВЕ КОЛКАВА КАЗНА ЌЕ ПЛАТИТЕ АКО НЕ ЈА ЗАМЕНИТЕ ВОЗАЧКАТА НА ВРЕМЕ: На први јануари сите возачи мора да имаат нови возачки

OРГАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ ПОВКУСНИ И СО ИНТЕНЗИВЕН МИРИС: Како да ги препознаеме на пазарите?

OРГАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ ПОВКУСНИ И СО ИНТЕНЗИВЕН МИРИС: Како да ги препознаеме на пазарите?

„ЈАС ДА БЕВ ВО БУГАРИЈА ЌЕ НАПРАВЕВ СКАНДАЛ БЕЗ ОКО ДА МИ ТРЕПНЕ“: Таа е фина и дипломат, ја ич не сум, вели Ванковска

„ЈАС ДА БЕВ ВО БУГАРИЈА ЌЕ НАПРАВЕВ СКАНДАЛ БЕЗ ОКО ДА МИ ТРЕПНЕ“: Таа е фина и дипломат, ја ич не сум, вели Ванковска

ГОЛЕМИОТ ЦИКЛОН КОЈ НАПРАВИ ХАОС ВО ЕВРОПА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве како ќе биде кај нас

ГОЛЕМИОТ ЦИКЛОН КОЈ НАПРАВИ ХАОС ВО ЕВРОПА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве како ќе биде кај нас

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски во Брисел ќе ја пренесе фрустрацијата на граѓаните, Бугарите велат дека Македонија провоцира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски во Брисел ќе ја пренесе фрустрацијата на граѓаните, Бугарите велат дека Македонија провоцира

ЛОГА: Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа

ЛОГА: Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа

АГЕЛЕР: Заложбите за реформи во судството ги чинеa даночните обврзници на САД половина милијарда долари

АГЕЛЕР: Заложбите за реформи во судството ги чинеa даночните обврзници на САД половина милијарда долари

МИЦКОСКИ OДИ ВО БРИСЕЛ: Сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму

МИЦКОСКИ OДИ ВО БРИСЕЛ: Сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму

БУГАРСКО МНР: Tврдат дека македонски функционери ги провоцираат и навредуваат

БУГАРСКО МНР: Tврдат дека македонски функционери ги провоцираат и навредуваат