ВМРО ИМА УБЕДЛИВА ПОБЕДА: Мисајловски објави каде веќе се сигурни, очекуваат победа и во град Скопје
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2025 21:31
ВМРО ДПМНЕ е на прагот на огромна победа. Разликата е некаде 3:1, има општини каде е 6:1 и 7:1 па дури и општини со 10:1.
Ова го објави вечерва на прес-конференција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
- Досега веќе се одбрани градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Гевгелија, Сопиште, Бутел, Аеродром, Прилеп, Битола, Велес, Вевчани...
Гласовите се пребројуваат, а резултатите укажуваат на водство. Очекуваме убедлива победа во Струмица, Орце води во Скопје. Бројките ги собираме.
Во однос на нерегуларностите кои ги спомнува СДСМ, разликата е толку голема што неамат простор за оправдување од дебаклот. Изборот и причините треба да ги бараат во своите редови. Што се однесува до ДУИ, очигледно се депласирани, Али Ахмети треба да си го бара патот. Благодарам Македонија, благодрам за историската победа - нагласи Мисајловски на пресконференциајта.
Тој укажа дека се уште се пребројуваат гласовите, но очекуваат победа и за главниот град, за Скопје, каде за градоначалник од нивните редови се „тркаше“ Орце Ѓорѓиевски, кој е актуелен градоначалник на Кисела Вода, и кој според нив води во повеќе општини.
- Во Центар водиме, во Карпош ќе има втор круг, нашиот кандат води убедливо. Очекуваме историски резултати, најубедлива победа. Согласно она што го очекуваме, ќе биде и повеќе од претходните избори - нагласи Мисајловски.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




