ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува уставниот амандман против застареноста на предметите од високата корупција, предложен од ВЛЕН
Објавено во: Македонија 10 Август, 2024
ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува иницијативата на владиниот партнер ВЛЕН за уставниот амандман со кој би се предвидувало евентуални кривични дела извршени при вршење на должноста никогаш никогаш да не застарат. Според пратеникот Бојан Стојановски, во земјава има механизми за борба против корупцијата, но во минатото немало политичка волја.
„Нашиот став е дека со постојната законска регулатива и вкрстувањето на базите на податоци може да се бори против корупцијата. Она што досега недостасуваше е политичката волја за расветлување на овие случаи. За преиспитување и одговорност за криминал, може и треба да се плашат сите оние кои згрешиле пред законот. И треба да знаат дека правда ќе има. Наскоро ќе почнеме со истрага на сите случаи за сите видови корупција“, изјави Бојан Стојановски, ВМРО-ДПМНЕ.
Одговарајќи на барањето на ДУИ за меѓународен ветинг, вчера коалицијата ВЛЕН предложи промена на Уставот. Според албанските партии на власт, со овие измени ќе се ревидираат сите процедури на функционерите кои се прекинати поради застареност на делата.
„Законите може да имаат ретроактивно дејство и во случаите поврзани со застареноста на кривичната одговорност за злоупотреби сторени од избрани и именувани функционери при вршење на јавни должности, каде што е причинета штета на јавни средства и буџетски средства на централно и локално ниво. , а каде со тие злоупотреби е стекнато незаконско богатство“, рече Фари Хисени, ВЛЕН.