Добивај вести на Viber
Премиерот Никола Груевски на градоначалничка промоција во Охрид не даде објаснување за најавената инвестиција на индискиот милјардер Субрата Рој на кој што од вчера му се блокирани сметките и треба да враќа долг од три милјарди евра, реагира ВМРО-НП од Охрид.
Според нив, откако најави проект од бајките, премиерот, молчи и не кажа ништо за овие празни ветувања.
“Откако вчера, судот ги блокира сметките на индиецот Субрата Рој и неговите фирми, Груевски пристигна во Охрид, најверојатно по новиот автопат кој го вети уште во 2006 година.Го прашуваме т.н. премиер и неговата партија зошто вчера, пред граѓаните на Охрид, не се изјасни за новонастанатата ситуација и зошто не им објасни на граѓаните како ќе ги изградат тие објекти. Ќе објаснат ли Груевски и фамилијата пред граѓаните на Република Македонија, кој е всушност Субрата Рој и што се крие зад неговата т.н. инвестиција. Ќе објаснат ли дали е извршена трансакција за хотелот Славија кој наводно го купи индиецот. Исто такво големо инвестирање, Груевски најави пред минатите парламентарни избори, кога во Охрид требаше да се изгради луксузен хотел од синџирот „Хилтон“, велат од општинската ВМРО- НП.
Во писмото до премиерот од патријата потсетуваат и за неизградениот, а ветен автопат до Охрид, на затворениот базен, на поврзување на Охрид со железничкиот сообраќај...