ВМРО удри на ВМРО - Љубчо, Стојанче и Љубе работеле за интересите на Заев
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2016 17:55
На еден ден до изборниот молк владејачката ДПМНЕ „удри“ против коалицијата ВМРО за Македонија составена од партиите кои ги водат Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Љубе Бошкоски кои наводно работат за интересите на Заев и „планот“ за федерализација на Македонија со двојазичност на целата територија.
- За да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ, смислија и други работи, смислија уште две помали коалиции од мали партии, од кои што едната го носи предзнакот ВМРО за да го залажат народот и мал дел да се подели, барем малку да откинат од ткивото на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа да го зајакнат Заев и СДСМ. Едно е ВМРО, едно е ВМРО- ДПМНЕ и не смее да подлегнеме на вакви манипулации, итроштини и игри на сценаристот кој стои зад Заев, рече Груевски.
Овие тези ги поддржаа и провладините медиуми кои го обвинуваат Георгиевски за прифаќње на ново име на Македонија, а потсетија и на снимките во кои Бошковски беше фатен со грчки посредник како договара ново име. Во досегашната кампања ВМРО-ДПМНЕ речиси ги игнорираше „братот, војводата и генералот“, но откако нивниот рејтинг се зголеми со реални шанси за освојување на пратенички мандати ја заострија реториката.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




