05 Декември, 2025
0.2562

ВНИМАТЕЛНО СО ХИПОТЕКИТЕ: Што се треба да се знае за нив?

Објавено во: Финансии 24 Јуни, 2014 08:23

Добивај вести на Viber

Активирањето на хипотеките како опција е последната мерка која се применува доколку клиентот не може навреме да го врати кредитот, бидејќи уште поголеми проблеми може да се јават кога треба да се продаде запленетиот имот

пишува Теодора Талевска, Стопанска Банка Битола Економската криза и безработицата во последните неколку години, ги принудуваат граѓаните да го стават својот недвижен имот под хипотека за да подигнат кредит од банка. Драстичен пораст на имот оптоварен со хипотека регистрирале во Агенцијата за катастар на недвижности во изминативе пет години. Банките се почесто нудат кредити со долг рок на отплата, поголем износ на кредит и максимални средства на обезбедување. Всушност ако сакаме да земиме поголема сума на пари, рок на отплата повеќе од 10 години  и никој да не не праша за  која цел ќе се искористат тие пари, банките како начин за обезбедување бараат средство кое ќе го смали ризикот на кредитирање- хипотека. Иако граѓаните хипотеката секогаш ја врзуваат со станбените кредити, хипотеката како средство за обезбедување се користи и за останатите видови на кредити.Сосема е логично да се стави хипотека за станбен кредит, бидејќи средствата за обезбедување на кредитот кој ќе се отплаќа во просек 20 години мора да бидат доволно квалитетни и да се наоѓаат на  атрактивна локација , што дури и по 10 или 15 години на отплата, да бидат корисни за наплата во случај на проблеми кои се јавуваат како резултат  на нередовното плаќање. Што претставува хипотека? Хипотеката е заложно право на недвижен имот, која го овластува доверителот во случај ако должникот не го плати доспеаниот долг или ако дојде до повреда на друга обврска која би ја активирало хипотеката предизвикува наплата на побарувањата кои се обезбедени со хипотека од вредноста на недвижноста, пред доверителите од прв, втор или трет ред. Со хипотеката се обезбедува намирување од вредноста на предметот на хипотеката на одредено парично побарување чија вредност може да се изрази во пари. Правото на хипотека се стекнува со склучување на договор за хипотека и со запишување во јавни книги под услови предвидени во Законот за договорен залог. Хипотекарен доверител- може да биде секое физичко и правно лице кое има одредено парично побарување чија вредност може да се изрази во пари  во однос на својот должник кој е согласен врз својата недвижност да допушти засновање на право на хипотека во полза на тој доверител или место него тоа да го стори трето лице. Хипотекарен должник- може да биде секое физичко и правно лице кое има одреден паричен долг или долг чија вредност може да се изрази во пари во однос на хипотекарниот доверител, како и трето лице кое нема таков долг , а е согласно да одговара за туѓ долг, со зансовање на хипотека врз своја недвижност. Наплатата се остварува од износот кој се добива со реализираната продажба на недвижноста врз која е заснована хипотеката. Но,  што се случува ако вредноста на недвижоста за време на продажбата е драстично опадната? Ваквата појава е мошне честа па банките соочени со состојбите на тоа дека вредноста на недвижноста е опадната и средствата не можат да се наплатат во целост би требало да изнаоѓаат механизми за надминување на ваквите состојби, а со цел да ги намират своите побарувања во целост. Мошне чести се ситуациите должникот и понатаму да има долг кон банките односно неговите обврски да останат ненамирени поради нецелосно обезбедено побарување. Тоа е причина што банките при одобрување на станбени или други видови на кредити бараат и други средства на обезбедување или хипотека на друга недвижност, доколку оценат дека хипотеката на недвижнсота врз која се заснова заложното право, нема да го покрие целиот износ на одобрениот кредит. Становите, зградите и другите недвижности ставени под хипотека со текот на времето се амортизираат, стареат бидејќи имаат свој век на траење и може да дојде до целосно распаѓање, уништување и  експропријација и во тој случај кај  кредитите кои имаат подолг рок на отплата може да биде неизвесно дали по петнаесет или дваесет години објекто врз кој што е ставена хипотека ќе има употребна па аналогно на тоа и продажна вредност. Активирањето на хипотеките како опција е последната мерка која се применува доколку клиентот не може навреме да го врати кредитот, бидејќи уште поголеми проблеми може да се јават кога треба да се продаде запленетиот имот. Претходно, банките најчесто се обидуваат да ги наплатат достасаните обврски со инструментите за редовна наплата, како активирање на административна забрана, преку контакти со клиентот со цел подмирување на долгот или негово репрограмирање, со цел да се избегне крајната опција- активирање на залогот, односно хипотеката. Банките се тие кои што мораат да си го штитат својот капитал,а клиентите потребно е да внимаваат и редовно да си го исплаќаат својот долг за да не дојде до активирање на хипотеките односно до продажба на запленетиот имот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката