ВНИМАВАЈТЕ АКО ОДИТЕ СО ВОЗИЛО СО ГРЦИЈА: Казните одат и до 2.000 евра!
Објавено во: Финансии 30 Мај, 2025 11:32
Казни од 350 до 2.000 евра за употреба на мобилен телефон или за неносење кацига на мотор, намалување на дозволената брзина во населените места и зголемување на автопатите, казни од 2.000 до 8.000 евра за брзина од над 200 километри на час, меѓу другото, предвидуваат промените во законот за безбедност во сообраќајот, според алтернативниот министер за транспорт на Грција Константинос Киранакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, Киранакис објасни дека измените се вклучени во законот што денеска се очекува да биде доставен до надлежната комисија во Парламентот.
Поконкретно, според алтернативниот министер, за користење мобилен телефон без притоа да се предизвика несреќа, предвидена е казна од 350 евра и одземање на возачката дозвола за 30 дена, доколку се работи за прво прекршување.
При второто, казната е 1.000 евра и одземање на дозволата за 180 дена, а доколку возачот биде фатен по трет пат да користи мобилен додека вози, ќе треба да плати 2.000 евра и една година ќе остане без возачка дозвола.
Слични казни се предвидени и за некористење кацига, како од возачите на мотори, така и од сопатникот.
Ограничувањето на брзината, како што објасни Киранакис, ќе се намали на 30 километри на час за тесни и мали улици во внатрешноста на населбите, на 50 километри на час за главни градски патишта, додека пак на автопатите ограничувањето ќе се зголеми на 140 км/ч.
Вечерните часови за време на викендите според Киранакис се регистрираат најголем број сообраќајни несреќи со смртни последици, а со измените во законот целта е да се елиминира антисоцијалното однесување при возење.
За недозволени трки на автомобили и брзина од над 200 км/ч, казните се од 2.000, 4.000 и 8.000 евра при првиот, вториот и третиот прекршок, заедно со одземање на возачката дозвола на една, две или четири години, во зависност дали е прв, втор или трет прекршок.
Во случај на несреќа со сериозни телесни повреди, се активира член од Кривичниот законик, што предвидува затворски казни до десет години.
За возење под дејство на алкохол и пречекорувањето на ограничувањата ќе донесе и отстранување на возилото со пајак.
Дополнително, за паркирање на место наменето за инвалиди, ќе се отстрануваат регистарските таблици од возилото на прекршителот, додека пак за велосипедистите ќе биде забрането да возат на улица.
Алтернативниот министер за транспорт на Грција нагласи дека статистиката покажува дека 50 отсто од смртните случаи во сообраќајни несреќи се поврзани со мотори, поголемиот дел од жртвите-пешаци се постари лица, а од сите сообраќајни несреќи, 94 проценти се предизвикани од возачи-мажи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





