ВНИМАВАЈТЕ: Од утре камерите на „Сејф сити“ ќе ловат прекршоци
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2025 17:40
Oд утре камерите на „Сејф сити“ ќе почнат да снимаат. Министерството за внатрешни работи(МВР) почнува да го применува системот „Безбеден град, безбедна држава“. На тој начин полицијата ќе регистрира сообраќајни прекршоци и ќе ги казнува прекршителите. Пробниот период ќе трае до крајот на годината.
Возачите првично ќе добиваат само предупредувања, без изрекување казни. Од јануари идната година системот влегува во целосна примена.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, летово најави дека проектот најпрво ќе биде активен во Скопје и уште два града, а во текот на 2026 година ќе се прошири на територијата на целата држава.
Камерите ќе бидат поставени на булевари, крстосници и поголеми сообраќајници, и ќе регистрираат поминување на црвено светло и возење со прекумерна брзина — двете најчести причини за сообраќајни несреќи.
Вакви системи веќе се користат во поголем дел од европските земји.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





