16 Јануари, 2025
0.0605

Внимавајте- врие од фалсификувани производи во Македонија

Објавено во: Економија 26 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Колачи, чоколади, сокови  се само дел од  фалсификуваните производи што се среќаваат на домашниот пазар. Во Пазарниот инспекторат потврдуваат дека, освен облеката од познати трговски марки, храната и пијалаците се втори на списокот за фалсификување. Иако во Агенцијата за храна и ветеринарство се согласуваат дека има ваква храна, истакнуваат  дека бројката на откриени примероци е многу мала. Храната најчесто е произведена во домашни мини-фабрики или е увезена. По формата и по амбалажата многу личи на оригиналот, а дека е фалсификувана потврдуваат производителите или увозниците на оригиналните примероци. Досега никој не направил анализа на овие производи бидејќи кога истите ќе бидат откриени, се сметаат за небезбедни и се уништуваат согласно со законот, пишува Дневник. Организацијата на потрошувачи на Македонија исто така е запознаена со  проблемот и отаму  велат дека многу лесно инспекциските служби можат да утврдат дали стоката е во ред само со барање документ од страна на трговецот со кој се потврдува дека е купена од овластен доставувач. - Имаме низа сознанија дека на пазарот се пласираат фалсификати. Последна беше жолтата ракија. Граѓаните тешко можат да препознаат дали станува збор за фалсификати, но матичната фирма, која го произведува оригиналот, добро знае дали тоа е нивни производ. Најчесто таа е иницијатор истиот да се повлече од продажба без да се пријавува со цел да не се наруши името на брендот – вели Маријана Лончар од ОПМ за Дневник. Според неа, фалсификувана храна не би требало да се појавува ако се набавува од овластени трговци. Ако, пак, во трговските синџири се набавува од увозник или производител што нема документи за застапништво, автоматски се појавува сомневање дека храната е фалсификувана. Пазарната инспекција потврди дека нивните инспектори на терен имаат пронајдено многу фалсификувани производи наменети за исхрана. - Најчесто станува збор за колачи или за сокови на познати брендови. Но за детели треба да се обратите во Агенцијата за храна – велат во Пазарната инспекција. Од Агенцијата, пак, велат дека лани кај нив била поднесена само една пријава за фалсификувани производи. Слично било и претходните години. Не посочуваат што се фалсификувал, ниту, пак, дали е безбедно за луѓето. - Во основа пријавите ги поднесуваат самите оператори со храна, кои забележале или се сомневаат дека се фалсификувани нивни производи. Доколку во постапките се најдат вакви производи на пазарот, Агенцијата ги смета за небезбедни бидејќи цени дека се произведени во услови што не се во согласност со законските и со подзаконските акти што ја регулираат областа од безбедноста на храната – велат во Агенцијата. Kонзервиран зеленчук, млеко во прав, путер, инстант-кафе, алкохол, кондиторски производи, па дури и храна за деца, се само дел од производите што се на списокот на Организацијата за економска соработка и развој која  неодамна излезе со бројка за количеството фалсификувани производи. - Светската трговија со оваа храна не само што им нанесува штета на производителите и го нарушува угледот на нивните познати брендови туку и ги зголемува трошоците за производство на компаниите со кои тие воведуваат заштитни мерки за да може лесно да се препознаваат оригиналите. Според ОЕЦД алкохолните производи се главна цел на фалсификаторите, кои оригиналните шишиња ги полнат со неквалитетна замена.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања