26 Декември, 2024
0.0309

Внукот на Али Ахмети ќе добие 39 отсто од „Соравиа“ само поради претприемачкиот дух

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска пред медиумите рече дека ќе добие 39 отсто од уделот во деловниот објект „Соравиа“ во центарот на Скопје, само поради претприемачкиот дух.

Во структурата на сопственоста, 39 отсто ќе му припаднат на сопственикот на „ТОР Индустрис“, 51 процент ќе добие неговиот  партнер од Албанија, Владимир Пјетерџокај како сопственик на Пе-Вла-Ку од Албанија, а 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравиа.

Ахмети пред новинарите рече дека за овој удел нема да плати ниту евро, туку дека овој процент од сопственоста ќе му следува само поради претприемачкиот дух.

- Јас ќе го водам деловниот објект „Соравиа“ и затоа добивам 39 отсто. Кредитот кој го подигнавме во висина од 6 милиони евра од албанската банка Крединс Банк за да ја купиме „Соравија“ е на име на господинот Пјетерџокај. Тој таму е акционер и има добра репутација, затоа банката лесно му го одобри задолжувањето. Ова е бизнис и секој бизнис е ризик, затоа ако не оадат работите како што треба, ние ќе може деловната зграда да ја ставиме на продажба, рече Дрин Ахмети.

Ахмети призна дека повеќе живее во странство отколку во Македонија и дека изминатиот период го посетил американскиот Конгрес и дека таму разговарал со претставници на американски компании во обид да ги привлече нивните ликвидни средства во Македонија.

На прес-конференцијата присуствуваше и самиот Пјетерџокај од Албанија, кој беше запрашан од новинарите од каде се познава токму со внукот на лидерот на ДУИ.

- Со Дрин се познавам четири години и за ова време тој е дел од активностите на моите бизниси во Италија. А за тоа дека е внук на Али Ахмети, би рекол дека секој е нечив внук, кажа бизнисменот кој вели дека наскоро ќе вложува во уште еден проект во Македонија.


             Владимир Пјетерџокај на денешната прес-конференција во Скопје

Пјетерџокај не кажа конкретно кои се плановите со „Соравија“, а со продавачот Хано Соравија вели дека се познавале од порано и стекнале меѓусебна доверба.

- Со Соравиа имаме важен проект на албанското крајбрежје во Валона а во Скопје дојдов по друг проект, но кога го видов деловниот центар дека е на поволна локација и дека има енергетска заштита, решив дека може да се инвестира во него, вели тој.

Мнозинскиот сопственик наведе дека во Македонија со Пе-Вла-Ку учествувал на повеќе тендери, вклучувајќи го и патот Скопје - Блаце, но дека никогаш не победил иако секогаш, како што рече, нудел најниска цена.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

Мицкоски: Или никој нема да работи во недела или за двојна дневница

Мицкоски: Или никој нема да работи во недела или за двојна дневница

Марјан Ристески призна: Трговците не изманипулираа за „есенската кошничка“

Марјан Ристески призна: Трговците не изманипулираа за „есенската кошничка“

Од 1 јануари: Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник

Од 1 јануари: Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник