Во Берн голем одзив на гласачите од дијаспората
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2016
Голем број граѓани кои се пријавиле дека ќе гласаат во амбасадата во Берн утрово уште од 7.00 часот се на гласачкото место за да го дадат својот глас за еден од политичките субјекти кои се во трка на Предвремените парламентарни избори.
Според македонското изборно законодавство, денеска гласање се спроведува во дијаспората.
Своето право на глас во странство државјаните на Република Македонија можат да го остварат во 41 дипломатско-конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии.
Најмногу пријавени за гласање има во Берн 4.256, во Венеција, 2724, во Детроит 1.170, Њујорк 1.168, Мелбурн 1112... За овие избори за гласањето во Берн отворени се три дополнителни избирачки места, додека во Венеција две.