ВО БРАЗИЛ Е „ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ“: По 600 нови гробови дневно има во Сао Паоло за жртвите на пандемијата
Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Април, 2021
Koронавирусот „коси“ во Бразил. Ситуацијата со коронавирусот во оваа држава е „вистински пекол”, констатираат од Светската здравствена организација (СЗО).
Претседателот Жаир Болсонаро денеска го критикуваше судијата на Врховниот суд Луис Роберт Баросо за неговата одлука да му нареди на Конгресот да започне истрага за одговор на пандемијата. Болсонаро го критикуваше барањето конгресната истрага да се фокусира на неуспесите на федералната влада.
Еден од четири смртни случаи од пандемијата оваа недела е пријавен во Бразил. Во последните неколку дена во земјата каде има повеќе од 13 милиони заразени се пријавени над 4.000 смртни случаи на ден. По 600 нови гробови дневно има во Сао Паоло за жртвите на пандемијата. 5-те најголеми гробишта во Сао Паоло го продолжија работното време до доцна во ноќта, до 22 часот, а во дел од нив запрени се погребите, заради немање место.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.