Добивај вести на Viber
Секој втор работодавец во Бугарија дава бонуси за Велигден на работниците.
За едни тоа се 200 лева, а некои ќе добијат и по 500 лева. Дека секој втор газда ќе даде велигденски бонуси на вработените, покажува истражувањето на Здружението на индустрискиот капитал во Бугарија.
За 7 од 10 работодавачи бонусите станаа традиција. Тоа се главно претпријатија од индустријата и услугите.
Најчесто работодавците сакаат да даваат финансиски бонус. Секој втор раководител ќе даде до 200 лева над платата, а двајца од 10 ќе бркнат подлабоко во џебовите и ќе дадат над 500 лева.
Други 11% од фирмите пак ќе користат ваучери. Сепак работодавачите признаваат дека оваа година бонусите ќе бидат пониски во споредба со минатогодишните.
Великодушните газди оваа година ќе бидат речиси 40% од сите работодавци во Бугарија.